Работа со хартии од вредност
Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година.
Во рамките на Банката работи Одделот за работа со хартии од вредност. Тргувањето се извршува во регистрираните простории во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката низ цела земја. Тргувањето го вршат двајца лиценцирани брокери кои стручно и квалитетно ги реализираат налозите од клиентите.

Услуги
-
купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
-
купување и продавање хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
-
вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
-
вршење трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
-
услуги на покровител при котација;
-
извршување трансакции и активности за сметки на трети лица потребни за преземање едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање акционерски друштва;
-
давање електронски налози за тргување со хартии од вредност.
Тргувањето на Македонската Берза со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Информации околу тргувањето со хартии од вредност можете да добиете на:
Оддел за работа со хартии од вредност
ttkbroker@ttk.com.mk
раководител: Иван Ортаковски тел.: 02/32 47 000 лок. 496
ivan.ortakovski@ttk.com.mk
Овластени брокери
Иван Ортаковски тел.: 02/32 47 000 лок. 496
моб.: 070 37 37 54
ivan.ortakovski@ttk.com.mk
Тања Поповска тел.: 02/ 32 47 000 лок. 495 tanja.popovska@ttk.com.mk
Тарифа на надоместоци - работа со хартии од вредност
Известувања за емисија на долгорочни должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница по пат на јавна понуда на ТТК Банка АД Скопје
Прва емисија:
Известување од 21.9.2021 година - Известување за исплата на каматата за втората година на имателите на корпоративната обврзница од првата емисија
Известување од 11.9.2020 година - Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративната обврзница од првата емисија
Известување од 19.9.2019 година - Информација за правата на запишувачите на долгорочните должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница од првата емисија
Известување од 18.9.2019 година - Успешна прва емисија на корпоративната обврзница на ТТК Банка АД Скопје
Известување од 16.9.2019 година - Известување на затворање на јавната понуда на хартии од вредност по основ на постигнат процент на успешност
Известување од 29.8.2019 година - Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност (корпоративна обврзница) по пат на јавна понуда
Втора емисија:
Известување од 18.2.2021 година - Известување за исплатена годишна камата за имателите на корпоративната обврзница од втората емисија
Известување од 5.2.2021 година - Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративната обврзница од втората емисија
Известување од 17.2.2020 година - Известување за правата на запишувачите на долгорочните должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница од втората емисија
Известување од 13.2.2020 година - ТТК Банка АД Скопје ја реализираше втората емисија на корпоративни обврзници
Известување од 13.2.2020 година - Известување за затворање на јавната понуда на хартии од вредност по основ на постигнат процент на успешност
Известување од 24.1.2020 година - Покана за запишување и уплата на долгорочни хартии од вредност - корпоративна обврзница по пат на јавна понуда (втора емисија)
Известување од 21.1.2020 година - Известување за втората емисија на корпоративна обврзница
Известување од 10.1.2020 година - Известување за измени на условите во текот на јавната понуда
Известување од 9.1.2020 година - Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност (корпоративна обврзница) по пат на јавна понуда
* Последна промена на интернет-страницата 21.9.2021 година.
|