•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

НОВИ поволности за СЕПА кредитни трансфери во евра

Со важност од 19.02.2026 година, ТТК Банка АД Скопје изврши измена на Тарифата за надоместоци на услуги во делот што се однесува на СЕПА кредитен трансфер за физички и правни лица и СЕПА прилив во евра за физички лица.

За физичките лица се овозможува реализирање на СЕПА кредитни трансфери во евра преку интернет банкарството (ТТК E-Bank) и мобилната апликација (ТТК M-Bank), со пониски надоместоци и тоа: 60 денари за трансфер до 50 евра, односно 200 денари за трансфер над 50 евра. Дополнително, се намали надоместокот за СЕПА прилив во евра на шалтер за износ до 50 евра, од 200 денари на 60 денари.

За правните лица се овозможува реализирање на СЕПА кредитни трансфери во евра преку дигиталните канали (ТТК E-Bank и ТТК M-Bank), со понизок надоместок во износ од 300 денари.

СЕПА кредитните трансфери овозможуваат побрзи, поедноставни и поекономични трансакции во евра кон повеќе од 40 земји членки на СЕПА, со обработка најчесто истиот или најдоцна следниот работен ден.

Повеќе информации за СЕПА услугите се достапни на следниот линк.

ТТК Банка ги овозможи услугите СЕПА кредитни трансфери и СЕПА приливи во евра почнувајќи од 8 октомври 2025 година, обезбедувајќи им на клиентите модерен, ефикасен и сигурен начин за извршување и примање трансакции во евра кон земјите од СЕПА зоната, под исти услови како домашните плаќања. Со најновите измени дополнително се унапредува достапноста и економичноста на СЕПА услугите, особено преку дигиталните канали.

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје