•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Менувачко работење

 

Корисници

  • Домашни физички лица - резиденти;
  • Странски физички лица - нерезиденти.

Услуга

  • Купопродажба на ефективни странски пари.

Потребни документи

  • Лична карта или пасош за физички лица - резиденти;
  • Пасош за физички лица - нерезиденти.

Други информации

Примена на курсеви кои се утврдени во дневната курсна листа на ТТК Банка АД Скопје.
За извршената менувачка работа, Банката не наплатува провизија на корисникот на услугата, а му издава потврда.
Задолжително пријавување на секоја трансакција чија сума е над 2.500,00 ЕУР или повеќе во денарска противвредност на денот на вршење на трансакцијата.
Нерезидент може да замени 2.000,00 ЕУР или повеќе само ако поднесе писмена потврда за пријавен внес на ефектива добиена од царинските органи при влегување во Р. Македонија.
Продажба на ефективни странски пари на странски физички лица е забранета, освен во случај на реоткуп.
Менувачкото работење во ТТК Банка АД Скопје се врши на сите шалтери во филијалите/експозитурите каде што е истакната налепница издадена од НБРМ со натпис: "менувачницата ги исполнува условите за менувачко работење".
Во менувачкото работење, физичките лица продаваат и купуваат ефективни странски пари и продаваат чекови деноминирани и исплативи во странска валута, ако гласат во валутите: EUR, USD, JPY, GBP, CHF, AUD, CAD, DKK, NOK, SEK со примена на курсеви кои се утврдени во курсната листа на ТТК Банка АД Скопје за менувачко работење.