•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Електронско тргување со хартии од вредност

ТТК Банка АД Скопје Ви овозможува едноставност во тргувањето со хартии од вредност преку давање електронски налози со користење на апликацијата eTrader.
Во соработка со овластените брокери на Банката креирајте го Вашето портфолио и реализирајте го Вашиот план за инвестирање.

Што е eTrader?

eTrader e апликација односно систем за давање електронски налози за тргување со хартии од вредност и следење на пазарни податоци од Македонска берза од страна на клиентите на ТТК Банка АД Скопје.
Преку апликацијата се овозможува брзо, едноставно и безбедно купување и продавање хартии од вредност, од кое било место, без физичко присуство. Се што е потребно е да имате интернет-врска и електронски уред преку кој ќе го вршите и следите тргувањето.

Што Ви овозможува апликацијата eTrader?

  • Едноставно и брзо тргување на Македонската берза со високо ниво на сигурност (SSL сертификат, единствено корисничко име и лозинка за заштита на корисниците);
  • Електронско давање на налози за купување и продавање хартии од вредност;
  • Следење на берзанското тргување и извршувањето на налозите во реално време;
  • Преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање, во согласност со пазарната состојба;
  • Преглед на активни налози;
  • Следење на налогот во пазарната длабочина;
  • Преглед на пазарните податоци (цена, пазарна длабочина, трансакции);
  • Автоматски прием на извештаи за реализирани трансакции;
  • Aларми (нотификации за промените на пазарот);
  • Пристап во секое време до моменталните и историските податоци за портфолиото, налозите и трансакциите.

Пристап до апликацијата e-Trader

Новата услуга за давање електронски налози за тргување со хартии од вредност е овозможена преку апликацијата eTrader во рамки на компјутерско информацискиот систем со софтверска апликација Е-broker на ТТК Банка АД Скопје.
Тргувањето обезбедува високо ниво на сигурност, преку утврдување на идентитетот на клиентот со самото најавување на апликацијата eTrader со издаденото корисничко име и лозинка кои претставуваат единствена комбинација за секој клиент на ТТК Банка АД Скопје чиј внес се врши при секоја најава на компјутерско информацискиот систем со софтверска апликација eTrader на ТТК Банка АД Скопје.

За брза и лесна најава и користење на апликацијата e-Trader, може да го погледнете Упатството за користење на апликацијата еТrader.

Упатство за користење на апликацијата eTrader

Што е потребно за да тргувате?

  • Важечка лична карта/пасош за физички лица;
  • Тековна состојба не постара од три месеци и ЗП образец за правни лица;
  • Пополнета апликација за регистрација/ажурирање на клиент;
  • Склучен договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност и/или Анекс кон договорот;
  • Корисничко име и лозинка (доделени директно во просториите на Одделот за работа со хартии од вредност или во експозитурите и филијалите на Банката од овластени лица за прием на налози по индиректен пат).