Како функционира производот „Кусур штедење“
Постојат два начини на заштеда и пресметување на заштедениот износ на парични средства кои се префрлаат на избраната Visa Classic Debit и Mastercard Debit дебитна картичка:
1. Процентуален износ – Износ што се пресметува врз основа на процент од износот на направената трансакција со Visa Classic Debit и Mastercard Debit дебитната картичка на ТТК Банка АД Скопје, а којшто се префрла на Вашиот депозит (процентот го одредувате Вие). Пример со 2 %: Цена на производот - 63 денари; Процентуален износ од направената трансакција – 1,26 денари; Износ префрлен на Вашиот штеден влог – 1,26 денари.
2. Фиксен износ – Износ којшто се пресметува врз основа на фиксен износ од износот на направената трансакција со Visa Classic Debit и Mastercard Debit дебитната картичка на ТТК Банка АД Скопје, а којшто се префрла на Вашиот депозит (фиксниот износ го одредувате Вие). Пример со 50 денари: Цена на производот - 63 денари; Фиксен износ од направената трансакција - 50 денари; Износ префрлен на Вашиот штеден влог – 50 денари.
|