•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредитна линија за поддршка на извозот преку РБСМ

Корисници
  • Микро, мали и средни претпријатија кои се над 51% во приватна сопственост, со солидни финансиски резултати во работењето;
  • Извозноориентирани правни лица;
  • Правното лице да е депонент на Банката и целокупното работење да го врши преку ТТК Банка АД Скопје.
Намена
  • Средствата се наменети за финансирање обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз;
  • Кредитите сe одобруваат врз основа на идентификувани приливи од извоз, што подразбира склучен договор за извоз со познат странски купувач и дефинирани начини и услови за наплата на побарувањата по реализиран извоз;
  • Извозните зделки треба да носат нето-позитивен девизен ефект и на тој начин да придонесуваат кон подобрување на трговскиот и платниот биланс на Република Северна Македонија.
Валута
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула;
  • Во девизи.
Рок
  • 24 месеци.
Износ
  • Минимален износ на кредитот 15.000 евра;
  • Максимален износ на кредитот 2.000.000 евра;
  • Кредитобарателот треба да обезбеди минимум 15% сопствено учество.
Каматна стапка
  • Во согласност со условите дефинирани во договорот со МБПР, до 6,0% годишна фиксна каматна стапка за кредити во денари со девизна клаузула;
  • Во согласност со условите дефинирани во договорот со МБПР, до 3 месечен ЕУРИБОР + 3,75 процентни поени, мин. 3,75% годишно за кредити во девизи;
  • Каматната стапка може да се намали за 0,5% доколку кредитобарателот има осигуран извоз преку МБПР;
  • Казнена каматна стапка од 20,45% годишно за достасани, а не подмирени обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата.
Начин на пресметка и плаќање
  • Пресметката на каматата е декурзивна, со примена на конформна метода, а се врши на денот на достасување на побарувањето и е содржана во амортизациониот план, изразена во странска валута;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина;
  • Отплатата е со тримесечни ануитети.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во однос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително со Банката.
Исплата
  • Во корист на сметката на правното лице.