•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Долгорочен кредит за трајни обртни средства

Со цел остварување на вашите бизнис идеи и инвестирање во профитабилни проекти, ви овозможуваме финансиска поддршка со поволни услови. 

Корисници
  • Правни лица, деловно активни најмалку 1 (една) година.
Намена
  • Долгорочни кредити за финансирање различни потреби на клиентите:
    • Основни средства: градба или купување објекти, набавка на опрема, алати, машини и сл;
    • Трајни обртни средства. 
Валута
  • Во денари (МКД);
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула;
  • Во евра (ЕУР).
Рок
  • до 36 месеци без грејс-период.
Износ/Учество
  • При користење кредит за финансирање станбена изградба, корисникот на кредит е должен да обезбеди минимално сопствено учество од 10% од вредноста на проектот, при што износот на кредитот се утврдува во зависност од кредитната способност и бонитетот на клиентот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, а максимално до 90% од вредноста на проектот;
  • При користење кредит за финансирање долгорочни инвестициски проекти (инвестирање во опрема, земјиште, купување, градба, реновирање или доградба на деловен простор, возен парк, основно стадо, како и рефинансирање на претходни вложувања), корисникот на кредит е должен да обезбеди минимално сопствено учество од 20% од вредноста на проектот, при што износот на кредитот се утврдува во зависност од кредитната способност и бонитетот на клиентот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, а максимално до 80% од вредноста на проектот. Исто така, во рамките на инвестицискиот кредит можно е да се одобри и износ за обртни средства кој не може да биде повисок од 30% од вкупниот износ на кредитот.
Каматна стапка
  • Долгорочни кредити за трајни обртни средства со рок на отплата до 3 (три) години:
    • 5,0% - 7,0% годишна фиксна каматна стапка за долгорочни кредити во денари;
    • 4,50% - 6,50% годишна фиксна каматна стапка за долгорочни кредити во денари со девизна клаузула/девизи;
  • Каматната стапка од распонот се утврдува во зависност од профитабилноста на проектот за кој се бара финансирање, кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и квалитетот на понуденото обезбедување. Договорна казнена каматна стапка од 24,45% годишно за кредит во денари за достасани, а не подмирени обврски. Договорна казнена каматна стапка од 20,45% годишно за кредит во денари со девизна клаузула/девизи за достасани, а не подмирени обврски за кредити.
Начин на пресметка и плаќање
  • За кредитите со прилагодлива каматна стапка, прилагодувањето на каматната стапка се врши полугодишно во согласност со промената на националната референтна стапка НРКС (за кредити во денари), односно 6 месечен ЕУРИБОР (за кредити во денари со девизна клаузула/девизи);
  • Пресметката на каматата е декурзивна со примена на конформна метода;
  • За кредити со еднократно враќање и револвинг кредити каматата се пресметува и се задолжува на крајот на месецот. За пресметаната камата месечно се известува клиентот и истата треба да се измири во рок од 8 дена од денот на задолжувањето;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во сооднос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, во сооднос кој ќе го утврди Банката;
  • Гаранција од друга банка, депозит во депо, орочен депозит;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително.
Исплата
  • На платежна сметка на правното лице;
  • За плаќање во странство по налог на корисникот на кредитот.