•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредитна линија за трајни обртни средства за МСП преку РБСМ

Корисници
  • Микро, мали и средни претпријатија кои се над 51% во приватна сопственост, и тоа:
    • Постојни мали и средни трговски друштва кои остваруваат позитивен финансиски резултат;
    • Нови мали и средни трговски друштва.
Намена
  • За набавка на трајни обртни средства;

Со средствата од кредитот не се финансираат трговски активности, набавка на основно стадо, купување други правни лица, инвестиции за кои веќе се одобрени кредити, проекти со еколошки штетни влијанија и сл.

Валута
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула;
  • Во девизи.
Рок
  • До 3 години со вклучен грејс-период до 6 месеци.
Износ
  • Минимален износ на кредитот 15.000 евра;
  • Максимален износ на кредитот 300.000 евра.
Каматна стапка
  • Во согласност со условите дефинирани во договорот со МБПР, до 6,5% годишна фиксна каматна стапка за кредити во денари со девизна клаузула;
  • Во согласност со условите дефинирани во договорот со МБПР, до 3 месечен ЕУРИБОР + 3,75 процентни поени, мин. 3,75% годишно за кредити во девизи;
  • Казнена каматна стапка од 20,45% годишно за достасани, а не подмирени обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата.
Начин на пресметка и плаќање
  • Пресметката на каматата е декурзивна, со примена на конформна метода, а се врши на денот на достасување на побарувањето и е содржана во амортизациониот план, изразена во странска валута;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина;
  • Отплатата е со тримесечни ануитети.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во однос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, права и хартии од вредност;
  • Меници;
  • Рачен залог на опрема;
  • Залог на недвижен имот и подвижни предмети и права од личниот имот на основачите;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително со Банката.
Исплата
  • Во корист на сметката на правното лице.