Со отворањето сметка во ТТК Банка ви нудиме пристап до голем број производи и услуги кои се креирани според вашите бизнис потреби, брз и едноставен пристап до платниот промет во земјата и во странство, како и професионална услуга од страна на нашите вработени кои ќе ви дадат целосна поддршка во вашето секојдневно работење.
Со отворањето сметка имате можност да ги користите следните финансиски услуги:
- вршење безготовински и готовински трансакции;
- целосен преглед на Вашата финансиска состојба во секој момент;
- следење на состојбата и промените на Вашите сметки во Банката;
- уплата на дневен пазар преку „Cash In“ банкоматите – без надомест;
- 24/7 пристап до Вашите сметки преку Интернет банкарство TTK E-bank и Мобилна апликација TTK M-bank;
- можност за работење со картички од брендовите Mastercard® и Visa;
- располагање со средствата во секое време преку мрежата на банкомати;
- пристап до услугите без или со најниски надоместоци.
Повеќе информирајте се за работењето со денарска сметка!
Кој може да отвори платежна сметка?
- Правни лица - резиденти и нерезиденти.
|
Потребни документи:
- Барање за отворање сметка (достапно во Банката);
- Решение за упис во трговскиот регистар, односно во регистарот на надлежниот орган или акт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар и не е основан врз основа на закон или извадок од закон, и ако учесникот е основан во согласност со закон;
- Решение за распоредување на деловниот субјект според претежната дејност, во согласност со Националната класификација на дејностите;
- Доказ за единствен даночен број ЕДБ;
- ЗП Образец заверен на нотар;
- Доказ дека сметката е пренесена од Министерството за финансии – Управа за јавни приходи или последен извод од сметка отворена во друга банка.
|
Процедура за отворање сметка за странски правни лица – нерезиденти:
- Барање за отворање сметка (пополнето и потпишано од управителот или од овластено лице);
- Регистрација на странското правно лице (оргинал или заверена од нотар или суд);
- Извод од трговски регистар (не постар од 3 месеци);
- Писмено овластување за лицата кои ќе ја застапуваат фирмата;
- Документ за идентификација (нотарски заверена копија од пасош за лицата овластени за работа со сметката и од овластувачот);
- Писмена изјава од нерезидентот дека е запознат со позитивните прописи во земјата;
- Договор со нерезидентот, во кој се регулирани начинот на отворање, водење и затворање на сметките, начин на прием и извршување на налозите за плаќање и наплата, начин на известување за приливи и одливи на сметките и сите трошоци и провизии.
|
Тајност
- Податоците за средствата на сметката се деловна тајна.
|