Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на
TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-1668/14 од 28.2.2023 година, Годишното собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 7.4.2023 година (петок) со почеток во 12 часот со следниот
ДНЕВЕН РЕД
I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.
II. РАБОТЕН ДЕЛ
- Усвојување на записникот од XXXVIII седница на Собранието на акционери на Банката одржана на ден 6.9.2022 година;
- Разгледување на Годишниот извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2022 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
- Разгледување на Финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2022 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештаите и Мислењето;
- Разгледување на Годишната сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2022 година, со Предлог - одлука за усвојување;
- Разгледување на Предлог - одлуката за употреба и за распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2022 година;
- Разгледување на Предлог - одлуката за зголемување на основната главнина на ТТК Банка АД Скопје со издавање акции од нова емисија од средства на Банката;
- Разгледување на Предлог - одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2022 година (дивиденден календар);
- Разгледување на Извештајот и оцената на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2022 година, со Предлог - одлука за усвојување;
- Разгледување на Предлог - одлуката за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;
- Разгледување на Предлог - одлуката за именување Претседател на Одборот за наградување на членовите на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија;
- Информација за поднесена оставка на член на Надзорниот одбор на Банката;
- Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на кандидатите за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.
Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието на акционери.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на акционери е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието на акционери, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).
Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на акционери со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.
Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 6.4.2023 година, до 15 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.
Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 11.3.2023 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Материјалите за Собранието на акционери и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.