•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Интернет банкарство (ТТК E-bank)

Интернет банкарството (ТТК E-bank) на ТТК Банка АД Скопје ви овозможува користење на услугите на Банката преку Интернет.
Со ТТК E-bank имате можност на брз и едноставен начин од својот дом или работно место да ги извршите следните услуги:

  • Преглед на промет и состојба на денарска/девизна платежна сметка;
  • Преглед на промет и состојба на платежна картичка;
  • Преглед на промет и состојба на кредит/депозит;
  • Орочување стандарден депозит;
  • Аплицирање за кредит;
  • Плаќања (плаќање сметки за режиски трошоци, уплата на рата за кредит/кредитна картичка);
  • Преглед на реализирани налози и налози кои чекаат на реализација;
  • Преглед на реализирани налози од мобилно банакрство;
  • Промена на дневен лимит за картичка (за банкомат, ПОС терминал, плаќања преку Интернет);
  • Инфо. за курсна листа;
  • Менувачко работење - дозволено само за купување и продавање валути за оние валутни сметки што корисникот ги има во ТТК Банка.

Што добивате?

Со ТТК E-bank го заштедуваме вашето скапоцено време и ви даваме можност да имате 24-часовен увид во Вашите сметки од кое било место на планетата. Сè што ви е потребно е интернет-конекција и вие сте тука, кај нас!

Колку е сигурно интернет банкарството?

Услугата гарантира максимална заштита од неовластен пристап, со користење современи методи на шифрирање и дигитален сертификат. Секој корисник, за пристап кон услугата, добива корисничко име и лозинка, која при првото најавување задолжително треба да ја смени. За користење на оваа услуга, корисникот е доволно да има корисничко име и лозинка.

Како станувате корисник на ТТК E-bank на ТТК Банка АД Скопје?

Едноставно! Сè што треба е да имате отворено платежна сметка во ТТК Банка АД Скопје и да пополните апликација за услугата во која било филијала/експозитура на ТТК Банка АД Скопје. Притоа не заборавајте со вас да понесете документ за идентификација како лична карта или пасош.

Кои технички карактеристики се потребни на вашиот компјутер?

  • Оперативен систем Windows 2000;
  • Internet Explorer;
  • Пристап кон интернет.
Повеќе препораки за безбедност при користење на Електрoнското банкарство на ТТК Банка АД Скопје, можете да прочитате:
Корисничко упатство за ТТК E-bankПолитика за заштита на приватноста на интернет-страницата на ТТК Банка АД СкопјеПрепораки за корисниците за безбедно користење на ТТК E-bank