•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредитна линија Посебен кредитен фонд преку РБСМ

Корисници
  • Трговски друштва, регистрирани во Република Северна Македонија, чиј капитал е над 51% во приватна сопственост, и тоа:
    • Постоечки микро, мали и средни трговски друштва;
    • Нови микро, мали и средни трговски друштва, кои исполнуваат најмалку два од следните критериуми:
      • Просечен број вработени врз основа на часови на работа да е до 250 вработени;
      • Годишен приход да е помал од 10.000.000 евра во денарска противвредност;
      • Просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е помала од 11.000.000 евра во денарска противвредност.
Намена
  • Набавка на основни средства (до 30% од вредноста на одобрениот кредит, крајниот корисник може да искористи за финансирање обртни средства во рамки на планираниот проект);
  • Набавка на обртни средтва.
Валута
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула.
Рок
  • До 10 години со вклучен грејс-период до 12 месеци (за финансирање основни средства)
  • До 3 години со вклучен грејс-период до 6 месеци (за финансирање обртни средства).
Износ
  • Минимален износ на кредитот 10.000 евра;
  • Максимален износ на кредитот 300.000 евра;
  • Кредитобарателот треба да обезбеди минимум 20% сопствени средства од вкупната инвестиција.
Каматна стапка
  • Договорна фиксна каматна стапка 5% на годишно ниво;
  • Законска казнена каматна стапка 20,45% годишно за достасани, а не подмирени обврски за кредит во денари со девизна клаузула и девизи, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата.
Начин на пресметка и плаќање
  • Пресметката на каматата е декурзивна, со примена на пропорционална метода, а се врши на денот на достасување на побарувањето и е содржана во амортизациониот план, изразена во странска валута;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина.
  • Отплатата е со квартални ануитети.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во однос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, опрема и хартии од вредност;
  • Меници;
  • Друг вид обезбедување во согласност со Кредитната политика на Банката.
Исплата
  • Во корист на сметката на правното лице.