•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

СУПЕР БИЗНИС кредити

Наменети за правни лица кои се:

  • Класифицирани во А категорија во последните 6 месеци;
  • Имаат годишен промет кој го вршат преку платежна/и сметка/и кој изнесува над 150.000.000 денари во последните 12 месеци во платниот промет;
  • Имаат актива над 500.000.000 денари согласно последната годишна завршна сметка;
  • Остваруваат добивка од редовното работење согласно последната годишна завршна сметка;
  • Имаат ревизорски извештај за последните три финансиски години.
Корисници

При одобрување на кредитот кредитобарателот потребно е да ги исполнува следниве критериуми:

  • Да биде класифицирано во А категорија на ризик во последните 6 месеци;
  • Вкупниот годишен промет кој го врши преку платежна/и сметка/и да изнесува над 150.000.000 денари во последните 12 месеци во платниот промет;
  • Вкупната актива на правното лице да изнесува над 500.000.000 денари согласно последната годишна завршна сметка;
  • Да остварува добивка од редовното работење согласно последната годишна завршна сметка;
  • Да има ревизорски извештај за последните три финансиски години.
Годишна проверка на критериуми
  • За одобрените кредити надлежната организациона единица воспоставува контрола на исполнување на условите од страна на кредитокорисникот еднаш годишно од денот на одобрување на кредитот. При извршената контрола, доколку кредитокорисникот не исполнува 2 (два) или повеќе од наведените критериуми Банката ќе изврши зголемување на каматната стапка на одобрениот кредит за 2пп.

Краткорочни кредити 


Износ
  • Зависно од кредитната способност и бонитетот на кредитобарателот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување.
Намена
  • Претежно за финансирање на обртни средства.
Рок на враќање
  • До 12 месеци
Услови на враќање
  • Еднократно враќање, револвинг или во еднакви месечни ануитети.

Долгорочни кредити 


Износ
  • Зависно од кредитната способност и бонитетот на кредитобарателот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување како и во согласност со дел 1- Општи одредби, Точка 4- Критериуми и услови за дефинирање на сопственото учество на инвеститорот при користење на долгорочен кредит за инвестиции од сопствени извори на Банката од оваа Одлука.
Намена
  • За финансирање на инвестиции и трајни обртни средства 
Рок на враќање
  • До  96  месеци со или без вклучен грејс период (за инвестиции) до 12 месеци;
  • До  36  месеци без грејс период (за трајни обртни средства).
Услови на враќање
  • Во еднакви месечни ануитети.

Долгорочни кредити за купување возила


Износ
  • Зависно од кредитната способност и бонитетот на кредитобарателот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување.
  • До 80% од износот на фактурата, а остатокот од минимум 20% од износот е сопствено учество).
Намена
  • За купување нови возила
Рок на враќање
  • До 72 месеци.
Услови на враќање
  • Во еднакви месечни ануитети.

Долгорочни кредити за купување на преземени средства


Износ
  • Зависно од кредитната способност и бонитетот на кредитобарателот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување.
  • Сопствено учество во вид на финансиски средства и/или дополнително обезбедување прифатливо за Банката  во вкупен износ на потребното сопствено учество од минимум 10% од вредноста на преземеното средство кое се купува (со кредитот се финансира до 90% од вредноста на преземеното средство кое се купува со кредитот, а остатокот од минимум 10% е сопствено учество на корисникот на кредитот).
Намена
  • За купување на преземени средства во сопственост на ТТК Банка.
Рок на враќање
  • До 15 години со вклучен грејс период до 24 месеци.
Услови на враќање
  • Во еднакви месечни или квартални ануитети.


Останати услови за Супер бизнис кредити:


Валута
  • МКД, МКД со девизна клаузула, девизи.

Договорна редовна каматна стапка

 МКД

 МКД со девизна клаузула/девизи

а) Долгорочен кредит за инвестиции со рок на враќање до 8 год. НРКС + 1,57 процентни поени 6м ЕУРИБОР + 3,00 процентни поени не пониска од 3,00%
б) Долгорочен кредит за трајни обртни средства 3,75% фиксна 3,75% фиксна
в) Долгорочен кредит за купување на возила НРКС + 1,57 процентни поени 6м ЕУРИБОР + 3,00 процентни поени не пониска од 3,00%
г) Краткорочен кредит со еднократновраќање/револвинг/аморт. план 3,75% фиксна 3,75% фиксна
д) Долгорочни кредити за купување преземени средства од Банката, со рок на враќање до 15 год. во МКД НРКС + 1,57 процентни поени
ѓ) Долгорочни кредити за купување преземени средства од Банката, со рок на враќање до 15 год. во МКД со девизна клаузула 6м ЕУРИБОР + 3,00 процентни поени не пониска од 3,00%
e) Кредити обезбедени со депозити

  • Кредит обезбеден со депозит на правно или физичко лице во вредност од 105%-110% во МКД

  • Кредит обезбеден со депозит на правно или физичко лице во вредност од 105%-110% во МКД со девизна клаузула                         
1,5% фиксна над пасивната каматна стапка
1,5% фиксна над пасивната каматна стапка


 

Провизии
  • Oбработка на барање:
      
 - за кредит до 1.000.000 ден. 1.200 ден.
 - за кредит 1.000.001 – 5.000.000 ден. 1.500 ден.
 - за кредит 5.000.001 – 10.000.000 ден. 2000 ден.
 - за кредит од 10.000.001 ден.   3000 ден.
 * Обработка на барање за кредит обезбеден со депозит  -  600 ден.

  • Oдобрување кредит:
    • обезбеден со депозит – до 0,50% од износот мин. 2.000 ден.;
    • долгорочни кредити – до 2,50% (до 2,00% за кредит за инвестиции) мин. 6.000 ден.;
    • краткорочни кредити – до 2,00% мин. 6.000 ден.
  • За администрирање на кредит - 0,35% макс. 6.500 ден. годишно на остаток на долг за А категорија на ризик; 1,00% макс. 15.000 ден. годишно на остаток на долг  за  Б, В, Г, Д категорија на ризик.

Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот;
  • Залог на подвижни предмети;
  • Залог на возилото кое се купува со каско полиса за осигурување винкулирана во корист на Банката (за долгорочен кредит за купување возило);
  • Гаранција од друга банка, орочен депозит;
  • Друг вид обезбедување, согласно Кредитната политика на Банката.

Исплата
  • Во корист на платежна сметка на правното лице или на друг начин утврдено во договорот за кредит.