•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Долгорочен кредит за инвестиции

Со цел остварување на вашите бизнис идеи и инвестирање во профитабилни проекти, ви овозможуваме финансиска поддршка со поволни услови. 

Корисници
  • Правни лица, деловно активни најмалку 1 (една) година.
Намена
  • Финансирање на инвестициски проекти - инвестирање во опрема, машини, возен парк, земјиште, купување/градба/доградба/надградба на деловен простор;
  • Финансирање на станбена изградба градба/доградба или реновирање на станбен простор
Валута
  • Во денари (МКД);
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула;
  • Во евра (ЕУР).
Рок
  • До 120 месеци со или без вклучен грејс-период до 24 месеци.
Износ/Учество
  • При користење кредит за финансирање станбена изградба, корисникот на кредит е должен да обезбеди минимално сопствено учество од 10% од вредноста на проектот, при што износот на кредитот се утврдува во зависност од кредитната способност и бонитетот на клиентот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, а максимално до 90% од вредноста на проектот;
  • При користење кредит за финансирање долгорочни инвестициски проекти (инвестирање во опрема, земјиште, купување, градба, реновирање или доградба на деловен простор, возен парк, основно стадо, како и рефинансирање на претходни вложувања), корисникот на кредит е должен да обезбеди минимално сопствено учество од 20% од вредноста на проектот, при што износот на кредитот се утврдува во зависност од кредитната способност и бонитетот на клиентот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, а максимално до 80% од вредноста на проектот. Исто така, во рамките на инвестицискиот кредит можно е да се одобри и износ за обртни средства кој не може да биде повисок од 30% од вкупниот износ на кредитот.
Каматна стапка
  • Долгорочни кредити за инвестиции со рок на отплата до 8 (осум) години:
    • НРКС + 3,42 процентни поени - НРКС + 5,42 процентни поени годишна променлива каматна стапка за долгорочни кредити во денари;
    • 6м ЕУРИБОР + 5,0 процентни поени, но не пониска од 5,0% годишна променлива каматна стапка - 6м ЕУРИБОР + 7,0 процентни поени, но не пониска од 7,0%, годишна променлива каматна стапка за долгорочни кредити во денари со девизна клаузула/во девизи.
  • Каматната стапка од распонот помеѓу минималната и основната каматна стапка се утврдува по исполнување на критериумите утврдени со одлука на Банката. Договорна годишна казнена каматна стапка од 24,45% за кредит во денари, за достасани а неподмирени обврски за кредити. Договорна годишна казнена каматна стапка од 20,45% за кредит во денари со девизна клаузула/девизи, за достасани а неподмирени обврски за кредити.
Начин на пресметка и плаќање
  • За кредитите со прилагодлива каматна стапка, прилагодувањето на каматната стапка се врши полугодишно во согласност со промената на националната референтна стапка НРКС (за кредити во денари), односно 6 месечен ЕУРИБОР (за кредити во денари со девизна клаузула/девизи);
  • Пресметката на каматата е декурзивна со примена на конформна метода.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во сооднос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, во сооднос кој ќе го утврди Банката;
  • Паричен депозит;
  • Гаранција од друга банка;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително;
Исплата
  • На платежна сметка на правното лице;
  • За плаќање во странство по налог на корисникот на кредитот.