•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Долгорочен кредит за купување превземени средства од Банката

Со цел остварување на вашите бизнис идеи и инвестирање во профитабилни проекти, ТТК Банка АД Скопје има развиено широка понуда на кредити. 

Корисници
  • Правни лица, деловно активни најмалку 6 (шест) месеци (новооснованите трговски друштва кои се заинтересирани за долгорочно кредитирање од банкарски средства треба да обезбедат сопствено учество од минимум 50% од вредноста на преземеното средство).
Намена
  • Кредит наменет за купување превземени средства во сопственост на Банката.
Валута
  • Во денари (МКД);
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула.
Рок
  • До 15 години со вклучен грејс-период до 24 месеци.
Износ
  • Во зависност од кредитната способност на правното лице;
  • Сопствено учество во вид на финансиски средства и/или дополнително обезбедување прифатливо за Банката во вкупен износ на потребното сопствено учество од минимум 10% од вредноста на преземеното средство кое се купува (со кредитот се финансира до 90% од вредноста на преземеното средство кое се купува со кредитот, а остатокот од минимум 10% е сопствено учество на корисникот на кредитот.
Каматна стапка
  • НРКС + 3,42 процентни поени - НРКС + 4,42 процентни поени годишна каматна стапка за долгорочни кредити за купување преземени средства од Банката, со рок на враќање до 15 години, во денари;
  • 6м ЕУРИБОР + 5,0 процентни поени не пониска од 5,0% - 6м ЕУРИБОР + 6,0 процентни поени не пониска од 6,0% годишна каматна стапка за долгорочни кредити за купување преземени средства од Банката, со рок на враќање до 15 години во денари со девизна клаузула;

(Каматната стапка од распонот е прилагодлива и се утврдува во зависност од кредитната способност и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката, рокот на отплата на кредитот);
Договорна казнена каматна стапка од 24,45% годишно за кредит во денари за достасани, а не подмирени обврски;
Договорна казнена каматна стапка од 20,45% годишно за кредит во денари со девизна клаузула/девизи за достасани, а не подмирени обврски.

Начин на пресметка и плаќање
  • Прилагодувањето на каматната стапка се врши полугодишно во согласност со промената на националната референтна стапка НРКС (за кредити во денари), односно 6 месечен ЕУРИБОР (за кредити во денари со девизна клаузула/девизи);
  • Пресметката на каматата е со примена на пропорционална метода;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина;
  • Отплатата е со еднакви месечни или квартални ануитети.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, друг вид обезбедување во согласност со кредитната политика на Банката.
Исплата
  • На трансакциска сметка на правното лице.