Сопствен извештај од Македонско кредитно биро (МКБ)
Секое правно лице по поднесување на барање во една од филијалите и експозитурите на ТТК Банка на брз и лесен начин ќе го добие Сопствениот извештај од Македонското кредитно биро (МКБ) без да има потреба да се обрати директно во просториите на МКБ.
Сопствениот извештај им овозможува на правните лица да добијат податоци за финансиската изложеност на други правни субјекти, информација за блокада на платежни сметки во реално време, финансиски резултати, како и да вршат пребарување и споредба на компаниите користејќи повеќе критериуми. Информациите може да се добијат преку различни модули и Корпоративен извештај. Исто така, корисниците имаат можност да добијат податоци за својата компанија преку Сопствен извештај, Корпоративен извештај, Извештај за блокада на сметка.
Сопствен извештај за правно лице се диставува во писмена форма исклучиво на лицето на кое се однесуваат податоците наведени во барањето за сопствен извештај.
Сопствен извештај за правно лице се доставува на управителот, лично или на друго вработено лице, кое, задолжително, треба да приложи Полномошно потпишано од управителот и заверено со печат од правното лице.
Повеќе информации во врска со Сопствениот извештај може да најдете на интернет страницата на МКБ, на следниот линк.
|