•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Интернет банкарство (ТТК E-bank)

ТТК E-bank банкарство Ви овозможува вам и на вашата компанија банкарските работи да ги извршувате во кое било време и место.
Оваа услуга може да ја користите кога било во текот на денот, без разлика на работното време на Банката. Овој модерен и безбеден начин на комуникација и работење со Банката не само што ќе ви штеди од драгоценото време туку ви ги намалува и трошоците: клиентите кои ја користат услугата Интернет банкарство (ТТК E-bank) на ТТК Банка АД Скопје плаќаат 30% пониска провизија за услугите во домашниот платен промет. 

За користење на Електронското банкарство потребно е да: 

  • Отворите платежна сметка во ТТК Банка АД Скопје, преку која ќе се одвива работењето;
  • Одберете пакет интернет банкарство кој најмногу одговара на потребите на Вашето претпријатие;
  • Склучите Договор за користење на услугата;
  • Обезбедете неопходна системска поддршка.

Услугата ТТК E-bank Ви овозможува:

  • Пристап до сметките преку следните канали: телефон или факс, мобилен телефон, интернет (e-пошта, интернет-страницата, FX клиенти);
  • Преглед на состојбата на Вашата сметка;
  • Евиденција на приливот и одливот на средства;
  • Извод (можност нарачаните доставувања да бидат во бараните временски интервали);
  • Извршување на налог во корист на примателот во Банката или некоја друга банка во Македонија (домашен платен промет);
  • Евиденција на налози;
  • Информирање за промена на статусот на налогот за префрлување.
 Потребни документи

  • Тековна состојба издадена од Централен регистар на РСМ;
  • Картон на депонирани потписи (ако правното лице не е клиент на Банката);
  • Денарска сметка за вршење платен промет во земјата.