•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредитна линија за МСП преку РБСМ

Корисници
  • Мали и средни претпријатија кои се над 51% во приватна сопственост, и тоа:
    • Постојни мали и средни трговски друштва кои остваруваат позитивен финансиски резултат;
    • Нови мали и средни трговски друштва.
Намена
  • За набавка на основни средства и обртни средства (подвижен и недвижен имот) - најмалку 50% од износот на кредитот;
  • Најмалку 50% од износот на кредитот да е наменет за набавка на основни средства;
  • Финансирање на обртни средства во рамки на проектот - до 50 % од износот на кредитот.

Со средствата од кредитот не се финансираат трговски активности, набавка на основно стадо, купување други правни лица, инвестиции за кои веќе се одобрени кредити, проекти со еколошки штетни влијанија и сл.

Валута
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула/девизи.
Рок
  • До 11 години со вклучен грејс-период до 12 месеци.
Износ
  • Минимален износ на кредитот 10.000 евра;
  • Максимален износ на кредитот 500.000 евра;
  • Кредитобарателот треба да обезбеди минимум 15% сопствени средства од вкупната инвестиција.
Каматна стапка
  • Во согласност со условите дефинирани во договорот со МБПР, до 6,5% годишна фиксна каматна стапка за кредити во денари со девизна клаузула;
  • Во согласност со условите дефинирани во договорот со МБПР, до 3 месечен ЕУРИБОР + 3,75 процентни поени, мин. 3,75% годишно за кредити во девизи;
  • Казнена каматна стапка од 20,45% годишно за достасани, а не подмирени обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата.
Начин на пресметка и плаќање
  • Пресметката на каматата е декурзивна, со примена на конформна метода, а се врши на денот на достасување на побарувањето и е содржана во амортизациониот план, изразена во странска валута;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина;
  • Отплатата е со тримесечни ануитети.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во однос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, права и хартии од вредност;
  • Меници;
  • Рачен залог на опрема;
  • Залог на недвижен имот и подвижни предмети и права од личниот имот на основачите;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително со Банката.
Исплата
  • Во корист на сметката на правното лице.