•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Долгорочен кредит за инвестиции од Кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва преку РБСМ

Корисници
  • Приватни трговски друштва регистрирани во Република Северна Македонија, класифицирани во А категорија на ризик во последните 12 месеци (со исклучок на странски директни инвеститори кои се активни корисници на државна помош).
Намена
  • За инвестиции во основни средства за финансирање нови проекти кои започнале со реализација по склучување на договорот за кредит.
Валута
  • МКД
Рок
  • До 15 години, во зависност од типот на инвестицијата која е предмет на финансирање, со краен датум на достасување не подоцна од 12.01.2040 година, со можност за грејс период до 3 години.
Износ
  • До 150.000.000 денари (земајќи ја во предвид вкупната изложеност од кредитната линија на кредитобарателот и поврзани лица која не смее да надмине 615.000.000 денари). Максималниот износ зависи и од кредитната способност и бонитетот на клиентот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување.
  • Минимално учество од 20% од вредноста на инвестицијата во парични средства, или претходни/тековни инвестиции во земјиште, градежи, опрема и сл.
Каматна стапка начин на пресметка и плќање
  • 1,95% годишна фиксна каматна стапка
  • Казнена каматна стапка од 23,30% годишно за достасани, а не подмирени  обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатат
  • Пресметката на каматата  е декурзивна, со примена на пропорционална метода, а се врши на денот на достасување на побарувањето  и содржана е во амортизацискиот план.
  • Затворањето  на обврските  се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина.
Критериуми и услови за дефинирање на сопственото учество на инвеститорот
  • Минимално учество од 20% од вредноста на инвестицијата во парични средства, или претходни/тековни инвестиции во земјиште, градежи, опрема и сл.
Услови на враќање
  • Со еднакви квартални ануитети согласно датумите утврдени во Договорот за кредит и амортизациониот план.
Провизии
  • За обработка на барање – Без надоместок
  • За одобрување – Без надоместок
  • За администрирање – Без надоместок
  • За предвремена отплата – Без надоместок
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во однос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, во однос кој ќе го утврди Банката;
  • Гаранција од друга банка, депозит во депо, орочен депозит;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително
Исплата
  • Во корист на сметката на правното лице.