•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
  • 24/7 ПРИСТАП ДО ПАРИ 
  • БЕСКОНТАКТНО ПЛАЌАЊЕ БЕЗ ПРОВИЗИЈА НА ПОС ТЕРМИНАЛИТЕ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО 
  • ЕДНОСТАВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАTA И ПРОМЕТOT НА СМЕТКА ПРЕКУ TTK E-BANK И TTK M-BANK
  • ПРОМЕНА НА ДНЕВЕН ЛИМИТ ЗА ПЛАЌАЊА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ПРЕКУ TTK E-BANK И TTK M-BANK
  • „3DS2“ SECURE НАЈВИСОКО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНТЕРНЕТ-ТРАНСАКЦИИ
  • ИЗДАВАЊЕ/ОБНОВУВАЊЕ НА КАРТИЧКАТА НА 5 ГОДИНИ

Visa Classic Credit - кредитна картичка

Корисници
  • Државјани на Република Северна Македонија, деловно способни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 (две) години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) и се вработени во државни институции, акционерски друштва и бонитетни приватни фирми прифатливи за Банката, како и пензионери;
  • Минимални месечни примања на кредитобарателот и жирантите не пониски од 9.000 денари при аплицирање;
  • Максимална старост на кредитобарателот и жирантите не повисока од 70 години старост во моментот на последниот ануитет од кредитот и последниот месец на важење на кредитната картичка.
Износ
  • Максимален износ 500.000 денари;
  • Кредитен лимит во зависност од кредитната способност.
Валута
  • Денари (МКД).
Рок
  • Прво издавање - 5 години;
  • Обновување - 5 години.
Каматна стапка (годишна, променлива)

 13,55% 

Приматели на плата /пензија (од ПИОМ) во ТТК Банка (I категорија), како и вработени во банки и финансиски институции (приматели/неприматели на плата преку ТТК Банка):

Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 7,25 процентни поени годишна променлива каматна стапка. 

 14,05% 

Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка (II категорија):

Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 7,75 процентни поени годишна променлива каматна стапка.

  • Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
Услови на враќање
  • Револвинг картичка;
  • Каматата се пресметува само на потрошениот износ на одобрениот лимит;
  • Минимален месечен износ на уплата 5% од потрошениот износ, направен во рамките на еден месец;
  • Бескаматен период до 45 дена за трансакции направени во трговија во тековниот месец;
  • Рок на отплата на плаќање 15 дена (од денот на обврската наведена во месечниот извештај);
  • За достасаниот долг Банката испраќа месечен извештај.
Обезбедување
Плата Обезбедување Износ на кредит
>30.001 денари Без жиранти До 120.000 денари
1 (еден) жирант Од 120.001 денари до 360.000 денари
2 (двајца) жиранти Од 360.001 денари до 500.000 денари
≤30.000 денари Без жиранти До 60.000 денари
1 (еден) жирант Од 60.001 денари до 120.000 денари
2 (двајца) жиранти Од 120.001 денари
  • Меница со менична изјава потпишана од кредитобарателот, жирантот/ите;
  • Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот, жирантите и согласност за активирање (доколку фирмата издава);
  • Меница во форма на нотарски акт:
  • За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на кредитна картичка во износ над 300.000 денари за неприматели на плата преку Банката или над 400.000 денари за приматели на плата преку Банката, која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.
Причина повеќе
  • Бесконтактно плаќање без провизија на ПОС терминалите во земјата и во странство;
  • Можност за дополнителни картички;
  • Една сметка за во земјата и странство;
  • Дозволен кредитен лимит до 500.000 денари;
  • Бескаматен период до 15-ти наредниот месец;
  • Едноставно следење на состојбата и прометот на сметка дигиталните канали TTK E-bank  и TTK M-bank;
  • Промена на дневен лимит за плаќања преку Интернет;
  • „3DS2“ Secure највисоко ниво на безбедност на интернет-трансакции;
  • „Cash In“ функционалности достапни преку широката мрежа на банкомати;
  • Чип-технологија за поголема сигурност и безбедност;
  • Издавање/обновување на картичката на долг рок од 5 години;
  • 24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.
Потребни документи
  • Копија од важечка лична карта или пасош на корисникот и жирантот;
  • Пополнето и потпишано барање за добивање и користење на картичката;
  • Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од плата за корисникот и жирантот;
  • За вработени во приватни фирми, образец ПП 53 (декларација од УЈП) за последните три месеци;
  • Последна платена сметка (струја, вода, телефон).
Провизии
  • Користење на картичката за безготовински плаќања на ПОС терминали во земјата и странство - без провизија;
  • Повлекување готовина од АТМ - 3%+150 денари;
  • Повлекување готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во земјата – 3,5%+200 денари;
  • Повлекување  готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во странство – 3,5%+250 денари.
Членарини
  • Членарина за основна картичка за приматели/неприматели на плата/пензија во ТТК Банка - 900 денари годишно на 12 месечни рати;
  • Членарина за дополнителна картичка за приматели/неприматели на плата/пензија преку ТТК Банка - 1.500 денари годишно на 12 месечни рати;
  • Членарина за остварен годишен промет во трговија над 100.000 денари - без надоместок.
Трошоци
  • Обработка на барање - 200 денари;
  • Издавање и обнова на картичка - 150 денари;
  • Реиздавање ПИН-код - 200 денари;
  • Промена ПИН-код - 100 денари;
  • Реизработка на картичка поради губење, кражба или други оштети на картичка - 500 денари.

МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА

Веднаш потпишете ја картичката по нејзиното подигање на задната страна во просторот предвиден за тоа.
Внимавајте на сигурноста на вашата картичка. Не оставајте ја на видни места од кои може да биде украдена и не позајмувајте ја на други лица.
Информирајте нè веднаш за промена на вашите лични податоци (презиме, адреса, контакт-телефон...).

ТАЈНОСТ НА ПИН-КОДОТ

Вашиот ПИН-код чувајте го на сигурно место. Не го кажувајте никому, дури ни на вработени во Банката или во полиција.
Запомнете го ПИН-кодот - никогаш не го запишувајте и не го чувајте на исто место со вашата картичка.

ЗАШТИТА ПРИ ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТ

Пред употреба на картичката на банкомат, уверете се некој да не стои зад вас.
Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
Покријте ја Вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
Никогаш не прифаќајте помош од други лица при употребата на картичката на банкомат.
На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете вашата картичка од банкоматот.
Доколку се посомневате во веродостојноста и изгледот на банкоматот, веднаш напуштете ја локацијата.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ПРОДАЖНО МЕСТО

Кога купувате на продажно место со картичката, внимателно следете го извршувањето на целата трансакција со вашата картичка и инсистирајте што побрзо да ви ја вратат картичката.
Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на ПИН-кодот и вашиот потпис.
Покријте ја вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот на ПОС терминалот на продажното место за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ/ТЕЛЕФОН

Никогаш не го внесувајте ПИН-кодот на интернет-страницата бидејќи тој никогаш не е потребен за реализирање нарачка.
При купување преку интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
Купувајте само од интернет-страници на проверени компании во кои имате доверба. Осигурајте се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет-адресата започнува со https:// наместо со http://.
Водете евиденција на интернет-страниците од кои купувате. Многу интернет-продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа. Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.
Доколку го откажувате плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на плаќањето, за да избегнете плаќање за веќе откажано плаќање.

СОВЕТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ МОЖНА ЗЛОУПОТРЕБА НА КАРТИЧКАТА

Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
Редовно и внимателно проверувајте ги месечните извештаи, дури и во случај да не сте ја користеле картичката во тековниот месец.
Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте ја Банката на тел. +3892 32 47 000 локал 017.
Никогаш не го давајте бројот на вашата картичка преку телефон, освен ако се работи за контакт со одговорно лице од вашата банка.

Доколку ја изгубите или ви ја украдат картичката, ве молиме веднаш пријавете во контакт-центарот на телефонскиот број +389 2 32 47 000 локал 017.