•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

„Cash In“ банкомати на ТТК Банка

ТТК Банка АД Скопје овозможи дополнителни услуги на банкоматите преку воведување на новaта функционалност „Cash In“. Отсега корисниците ќе можат да извршат уплата на готовина на својата трансакциска сметка во Банката, а правните лица ќе имаат можност да го уплатат дневниот пазар. За користење на услугата потребно е корисниците да се идентификуваат со Visa и Mastercard платежните картички.

Постапката за уплата е едноставна и брза додека пак уплатените парични средства се веднаш на располагање по направената уплата.

На овој начин ТТК Банка АД Скопје овозможува подостапни и поедноставни услуги скратувајќи го потребното време и трошоци за уплата и исплата на готовина независно од локацијата и работното време на експозитурите и филијалите.

„Cash In“ банкоматите овозможуваат и бесконтактно подигнување готовина.

Означени се со ознаката за бесконтактна технологија  .

Со приближување на картичката до ознаката на банкоматот, се следат упатствата за подигнување или пак уплата на готовина.

Мултифункциските банкомати се на располагање на корисниците во рамките на филијала Скопје на ул. „Народен фронт“ бр. 19а, Скопје, експозитура Скопје Аеродром на бул. „Јане Сандански“ бр. 26 а, Скопје, филијала Тетово на бул. „Илинденска“ бр. 2б, Тетово, експозитура Гостивар на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 18, Гостивар, филијала Битола на ул. „Столарска“ бр. 7, Битола. 

Постапка за уплата на средства на „Cash In“ банкоматите

Уплата на средства на трансакциска сметка за физички лица

Вметнете ја картичката во отворот за внес на картичка на банкоматот.

Одберете јазик на кој што ќе ја вршите трансакцијата.

Откако ќе изберете јазик, на екранот ќе се појави порака со повеќе опции, одберете опција „Уплата на средства на моја трансакциска сметка - физичко лице“. 

Потоа, на екранот ќе се појави порака за внес на ПИН-кодот за картичката (4 цифри). Внес на ПИН-кодот можете да направите преку тастатурата на банкоматот (бројките). Изберете продолжи.

Потоа, изберете ја сметката каде што ќе вршите уплата на средствата. Изберете продолжи. 

Напомена: Не внесувајте повеќе од 40 банкноти оддеднаш. Уплата на ковани пари не е возможна.

Внесете ја готовината во отворот на банкоматот наменет за внес на готовина. На екранот ќе се појави порака „Броење на готовина“. По пребројувањето и идентификацијата на парите, на екранот ќе се појави износот на уплата и спецификација на банкнотите. Ако се согласувате со износот, изберете опција „Потврди“ за да продолжите со уплатата. По направената проверка, одберете дали сакате печатена потврда за направената трансакција со притискање на копчето покрај екранот (ДА или НЕ). По извршената трансакција за уплата, картичката ќе Ви биде вратена. Земете ја картичката од отворот. Доколку сакате да ја откажете уплатата, избрете опција „Откажи“ .

Уплата на дневен пазар за правни лица

Вметнете ја картичката во отворот за внес на картичка на банкоматот.

Одберете јазик на кој што ќе ја вршите трансакцијата.

Откако ќе изберете јазик, на екранот ќе се појави порака со повеќе опции, одберете опција „Уплата на дневен пазар - правно лице“. 