Што е СЕПА?
СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area) претставува Единствена област за плаќања во евра која овозможува едноставни, брзи и сигурни кредитни трансфери во евра меѓу земјите членки на СЕПА, под исти услови како и домашните плаќања.
СЕПА ги стандардизира платните процеси и форматите за размена на податоци, овозможувајќи поефикасно, потранспарентно и побезбедно извршување на трансакциите за физички и правни лица.
Плаќањата во евра во рамки на СЕПА вообичаено се реализираат истиот или најдоцна следниот работен ден.
Повеќе информации за земјите членки на СЕПА се достапни на официјалната страница на European Payments Council.
Регулатива
За СЕПА кредитните трансфери важат истите правила од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните меѓународни трансфери преку коресподентско банкарство.
За дополнителни информации, обратете се во најблиската филијала или експозитура на ТТК Банка.