Акционерот може да гласа преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање преку кореспонденција.
Акционерот доставува пополнет образец за гласање преку кореспонденција во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер, односно назив, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот - правно лице. Образецот мора да биде примен во Банката најдоцна до 14.4.2021 година до 15:00 часот.
Заедно со пополнетиот образец, акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:
- За акционер - физичко лице се приложува:
Копија од важечка лична карта или пасош.
- За акционер - правно лице се приложува:
Последна тековна состојба од Централниот регистар/во оригинал/, не постара од 30 дена. Копија од важечка лична карта или пасош на законскиот застапник.
Бараната документација треба да биде доставена во ТТК Банка АД Скопје, на ул. „Народен фронт“ бр. 19 а Скопје Служба за секретаријат со назнака „за Собрание“.
Образец за физички лица
Образец за правни лица
Пример на пополнет образец
|