•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

MoneyGram меѓународен трансфер на пари

Сигурен трансфер на пари

Кога се работи за праќање пари во целиот свет, нам ни е јасно дека имаш избор на компании. Затоа се трудиме да те увериме дека праќањето со Moneygram е безбедно и поволно. Избирајќи го Moneygram можеш да се чувствуваш сигурен, знаејќи дека ги користиш истите сигурни услуги на кои им веруваат семејствата низ целиот свет.

Добредојде на поволноста

Со MoneyGram ти и твоите сакани нема никогаш да морате да скршнувате од вашиот пат. Над 300.000 агенти лоцирани низ светот се на твое целосно располагање.

Уживај во можноста да си овозможиш многу повеќе

Ние знаеме колку тешко ги заработуваш твоите пари. Токму поради тоа провизиите ни се ниски, а твоите пари може да стигнат уште подалеку.

Избор на достава

Земајќи предвид дека потребите на секого не се потполно исти, MoneyGram ти нуди голем избор на услуги. И ќе продолжиме да ти даваме нови понуди што го прават животот поедноставен.

Одбери ја брзината

Дозволи ни да внесеме спокојство во твојот бурен ден со еден од најбрзите начини на испраќање пари.
Парите пристигнуваат по само 10 минути од завршувањето на трансакцијата.

Земји во кои можат да се користат MoneyGram услугите:

Австралија, Австрија, Албанија, Андора, Аргентина, Бангладеш, Бахами, Бахреин, Белгија, Боливија, Босна, Бразил, Бугарија, Венецуела, Виетнам, Гана, Германија, Гренада, Грузија, Грција, Данска, Египет, Еквадор, Естонија, Замбија, Зимбабве, Израел, Индија, Индонезија, Ирска, Исланд, Италија, Јамајка, Јемен, Јордан, Канада, Кенија, Кипар, Кина, Колумбија, Костарика, Кувајт, Латвија, Либан, Малта, Мароко, Мексико, Молдавија, Монако, Намибија, Нигерија, Никарагва, Нов Зеланд, Пакистан, Панама, Парагвај, Перу, Полска, Португалија, Романија, Русија, САД, Сингапур, Тајван, Тајланд, Тунис, Турција, Украина, Унгарија, Филипини, Финска, Франција, Хаити, Холандија, Хрватска, Чешка, Чиле, Швајцарија, Шведска, Шпанија.

Општи услови и потребни документи за испраќање и примање пари преку MoneyGram

За испраќање пари Општи услови Потребни документи
  • Посетете ја најблиската експозитура на ТТК Банка АД Скопје.
  • Пополнете го формуларот за праќање пари.
  • По поднесувањето на формуларот, вработен ќе Ви даде референтен број и потврда.
  • Кажете му на Вашиот примач колкава сума да очекува и дадете му го референтниот број што ќе му треба за да ги подигне парите.
  • За испраќање пари (до 2.500 евра месечно).
  • Формулар (достапен во Банката).
  • Важечка лична карта или пасош.
  • Референтен број.
За примање пари
  • Испраќачот ќе Ви каже колку пари ќе примите и ќе Ви го даде референтниот број.
  • Пополнете го формуларот за прием и заедно со Вашата лична карта приложете ги на шалтерите на ТТК Банка АД Скопје.
  • Системот на MoneyGram ќе ги провери Вашите информации и Вие ќе ги примите парите за помалку од 10 минути.
  • За примање пари (до 5.000 евра дневно).
  • Формулар (достапен во Банката).
  • Важечка лична карта или пасош.
  • Референтен број.
Давател на услуги за иницирање на плаќање: ТТК Банка АД Скопје
Адреса: ул. ‘’Народен фронт’’ број 19a, Скопје
Електронска пошта: ttk@ttk.com.mk
Надлежен орган за надзор: Народна Банка на Република Северна Македонија  

 

ОПШТА ПОНУДА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПЛАТЕЖНА УСЛУГА
БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ ПРЕКУ MONEYGRAM 

 

ТТК Банка АД Скопје, како Агент на Moneygram, еднократната платежна услуга брз трансфер на пари ја врши во своите филијали и експозитури со уплата или исплата во готово на ефективни странски пари.Оваа услуга се врши во валута EUR (за уплата) и EUR и USD (за исплата), со лично присуство на испраќачот или примачот на средствата на шалтерите во филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје.Еднократната платежна услуга брз трансфер на пари преку Moneygram, можат да ја користат домашни и странски физички лица, со навршени најмалку 18 години. Оваа услуга се извршува од едно физичко лице во една земја на друго физичко лице во друга земја.Оваа услуга е наменета за испраќање на ефективни странски пари од Република Северна Македонија во странство или за исплата на ефективни странски пари пратени преку системот на Moneygram од странство во Република Северна Македонија. Трансакциите за брз трансфер на пари преку Moneygram може да се испраќаат и примаат на повеќе локации на Агентите на Moneygram. Трансферите на пари, примачот може да ги подигне во рок од 1 час од уплатата, во зависност од работното време на Агентот на Moneygram кој ги исплаќа парите. Ограничувањата во надминување на износите, регулаторни ограничувања или други рестрикции во одредени земји може да ја одложат трансакцијата.За секоја трансакција брз трансфер на пари, испраќачот или примачот е должен да се идентификува со важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош).Услугата брз трансфер на пари, корисникот може да ја користи за испраќање или за примање пари од странство. За секоја уплата и исплата на ефективни странски пари Банката издава писмен документ - потврда. 

 

Испраќање на пари во странство

 

Испраќачот на парите, должен е на ТТК Банка да и ги обезбеди следниве информации: 
  • Име и презиме на примачот (со печатни латинични букви како што е името и презимето на документот за лична идентификација кој ќе биде презентиран при подигнувањето на средствата)
  • Земја каде се праќаат парите
  • Износ за праќање и валута (ЕUR)
Највисокиот месечен износ на извршени еднократни прекугранични платежни трансакции врз основа на парични дознаки иницирани од плаќач во Република Северна Македонија за примач во странство преку поединечен давател на платежни услуги изнесува 2.500 евра. По извршената трансакција брз трансфер на пари, ТТК Банка на испраќачот му го соопштува 8 цифрениот референтен број на трансакцијата, кој испраќачот е должен да му го соопшти на примачот, заедно со другите   задолжителни елементи од трансакцијата (име и презиме на испраќачот, земја од каде се праќаат парите и испратен износ и валута).Податоците за трансакцијата се доверливи и испраќачот не треба да ги дава на други лица освен на примачот.ТТК Банка и Moneygram во никој случај нема да бидат одговорни доколку испраќачот соопшти податоци за трансакцијата на друго лице освен на примачот.За испраќачот не е препорачливо праќање на пари на лице кое тој не го познава. Ниту ТТК Банка, ниту Moneygram нема да одговараат за било каква штета која би ја имал испраќачот доколку се праќаат пари на лице кое испраќачот не го познава.Ниту ТТК Банка, ниту Moneygram не гарантира за испораката или соодветноста на било какви производи или услуги кои евентуално се платени преку брз трансфер на пари преку Moneygram. 

 

Примање на пари од странство

 

Примачот на парите е должен на ТТК Банка АД Скопје да ги обезбеди следниве информации за трансакцијата: 
  • Референтен број на трансакција
  • Име и презиме на испраќачот (со печатни латинични букви)
  • Земја од каде се праќаат парите
  • Испратен износ и валута (EUR, USD)
Највисокиот дневен износ на извршени еднократни прекугранични платежни трансакции врз основа на парични дознаки иницирани во странство за примач во Република Северна Македонија преку поединечен давател на платежни услуги изнесува 5.000 евра или соодветна противвредност во USD. 

 

Провизии за испраќање од Република Северна Македонија

 

Еднократната платежна трансакција, испраќање на пари во странство преку услугата брз трансфер на пари преку Moneygram се реализира во странска валута за која провизијата  се плаќа во денарска противвредност пресметана по куповен курс на банката за менувачко работење согласно Тарифата на услуги за брз трансфер на пари на Moneygram.                     

 

Износ Провизија
    0,01 - 100 ЕУР   6,50 ЕУР
100,01 - 200 ЕУР   9,00 ЕУР
200,01 - 300 ЕУР 11,00 ЕУР
300,01 - 500 ЕУР 12,50 ЕУР
500,01 - 750 ЕУР 17,00 ЕУР
 750,01 - 1000 ЕУР 19,50 ЕУР
1000,01 - 1500 ЕУР 25,50 ЕУР
1500,01 - 2000 ЕУР 30,00 ЕУР
2000,00 - 2500 ЕУР 37,00 ЕУР

 

Уплати кон Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Романија, Србија, Словенија и Црна Гора:
Износ Провизија
    0,01 - 100 ЕУР   5,00 ЕУР
100,01 - 200 ЕУР   9,00 ЕУР
200,01 - 300 ЕУР 11,50 ЕУР
300,01 - 500 ЕУР 13,00 ЕУР
500,01 - 2500 ЕУР 20,00 ЕУР

 

Во случај на различна валута на исплата на средствата на дестинацијата, износот на средствата кои ќе бидат исплатени во валутата на дестинaцијата е зависен од курсот кој го определува Moneygram, важечки во моментот на испраќање на средствата. Девизниот курс и износот во соодветната валута кој ќе биде исплатен на дестинацијата ќе биде прикажан на самиот Образец за испраќање на пари. Во мал  број земји локалните прописи налагаат валутата да се конвертира во моментот на исплата кон примачот и во тој случај, девизниот курс и износот во валутата кој ќе биде исплатен на дестинацијата (кои ќе бидат прикажани на самиот Образец за испраќање на пари) може да биде предмет на флуктуација на девизниот курс од моментот на испраќање до моментот на исплатата на средствата. За еднократната платежна трансакција, прием на пари од странство преку услугата брз трансфер на пари преку Moneygram, примачот не плаќа никаков надоместок. 

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА УСЛУГАТА БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ

 

Moneygram врши контрола на сите трансакции според листа на имиња кои ги обезбедуваат владите на земјите во кои Moneygram работи, вклучително и Канцеларијата за контрола на средства и имот во странство (OFAC) при Министерството за финансии на САД и Европската Унија. Доколку се утврди потенцијално совпаѓање, Moneygram врши контрола на трансакцијата со цел да утврди дали името за кое има совпаѓање е лице кое се наоѓа на таква листа. Повремено, потребно е клиентите да обезбедат дополнителни документи или информации за идентификација, што ја одложува трансакцијата. Ова е законска обврска за сите трансакции кои ги обработува Moneygram.Moneygram, и ТТК Банка АД Скопје  имаат право да одбијат обезбедување услуга на било кое лице.