•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
  • БЕСКОНТАКТНО ПЛАЌАЊЕ БЕЗ ПРОВИЗИЈА НА ПОС ТЕРМИНАЛИТЕ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО
  • КРЕДИТЕН ЛИМИТ ДО 600.000 ДЕНАРИ 
  • ПРОМЕНА НА ДНЕВЕН ЛИМИТ ЗА ПЛАЌАЊА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
  • ЕДНОСТАВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБА И ПРОМЕТ НА СМЕТКА ПРЕКУ TTK E-BANK И TTK M-BANK
  • „3DS2 SECURE“ БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ НА ЗАШТИТА НА ТРАНСАКЦИИТЕ
  • ИЗДАВАЊЕ/ОБНОВУВАЊЕ НА КАРТИЧКАТА НА 3 ГОДИНИ

VISA Business Credit - кредитна картичка

Корисници
  • Правни лица - иматели на сметки во ТТК Банка АД Скопје;
  • Корисници на картичките се физички лица овластени од страна на правните лица.
Износ
  • Кредитен лимит во зависност од кредитната способност, но не повеќе од 600.000 денари.
Валута
  • Во денари (МКД);
  • Во евра (ЕУР).
Рок
  • Прво издавање - 5 години;
  • Обновување - 5 години.
Каматна стапка

 15,05% 

годишна променлива каматна стапка

Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,75 процентни поени годишна променлива каматна стапка. 

  • Прилагодувањето на променливата каматна стапка се врши полугодишно во согласност со промената на Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата;
  • Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
Можности
  • Дневниот лимит за Visa Business Credit кредитната картичка изнесува 250.000 денари во трговија и на банкомат заедно;
  • Банката одобрува бескаматен период до 15-ти во следниот месец за трансакции направени во трговија (плаќање стоки и услуги) во тековниот месец;
  • За побарувањата кои ќе бидат подмирени по тој рок Банката ќе пресметува казнена камата во висина на максималната каматна стапка дозволена со законските прописи, од датумот на доспевање на месечното побарување (секој 15-ти во месецот) сè до неговото целосно подмирување;
  • Месечниот циклус започнува на почетокот на месецот и завршува на крајот од месецот. Корисникот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена по завршување на месечниот циклус да измири минимум 5% од износот на минусното салдо до кредитен лимит, и целиот износ на минусно салдо над кредитен лимит (во согласност со месечниот извештај);
  • Минималниот износ за плаќање се пресметува како процент од вкупните обврски на корисникот на крајот на месецот за кој се пресметува обврската зголемен за провизиите за готовинските трансакции и пресметаните камати.
Причина повеќе
  • Бесконтактно плаќање без провизија на ПОС терминалите во земјата и во странство;
  • Можност за дополнителни картички;
  • Дозволен кредитен лимит до 600.000 денари;
  • Бескаматен период до 15-ти наредниот месец;
  • Револвинг картичка со подмирување на само 5% месечно од износот;
  • Едноставно следење на состојбата и прометот на сметка преку дигиталните канали TTK E-bank  и TTK M-bank и електронските сервиси за информирање;
  • Промена на дневен лимит за плаќања преку Интернет;
  • „3DS2 Secure“ највисоко ниво на безбедност на интернет-трансакции;
  • „Cash In“ функционалности достапни преку широката мрежа на банкомати;
  • Чип-технологија за поголема сигурност и безбедност;
  • Издавање/обновување на картичката на долг рок од 3 години;
  • 24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.
Обезбедување
  • Рамковен кредит – лимит врз основа на заложно право;
  • Меница од 500 денари, заверена од правното лице со пополнета менична изјава;
  • Образец ПП 30 со согласност за употреба на истиот;
  • Паричен депозит;
  • Друго обезбедување прифатливо за Банката.
Потребни документи
  • Пополнето и потпишано барање за Visa Business Credit кредитна картичка;
  • Остварен промет на жиро сметка за последните 6 (шест) месеци;
  • Биланс на состојба и биланс на успех за последните 2 (две) години;
  • Заклучен лист за тековната година;
  • Потпишана изјава за користење податоци за секој корисник посебно.
Провизии
  • Користење на картичката за безготовински плаќања на ПОС терминали во земјата и странство - без провизија; 
  • Повлекување готовина од АТМ - 2,5% + 150 денари;
  • Повлекување готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во земјата – 3% + 200 денари;
  • Повлекување  готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во странство – 3,5% + 250 денари.
Членарини
  • Членарина за основна картичка за приматели/неприматели на плата/пензија во ТТК Банка - без надоместок;
  • Членарина за дополнителна картичка - 2.400 денари на 12 месечни рати;
  • Членарина за дополнителна картичка без кредитен лимит - 600 денари на 12 месечни рати;
  • Членарина за дополнителна картичка со остварен годишен промет во трговија над 150.000 денари - без надоместок.
Трошоци
  • Обработка на барање - 600 денари;
  • Издавање и обнова на картичка - 150 денари;
  • Итно издавање и обнова на картичка - 2.000 денари;
  • Реизработка на картичка поради губење, кражба или други оштети на картичката - 600 денари;
  • Откажување од картичка по истекот на рокот за откажување определен од Банката - 600 денари;
  • Откажување на картичка во процедура на изработка на картичка (за прво издавање) - 600 денари;
  • Реиздавање ПИН-код - 200 денари;
  • Промена на ПИН-код на банкомат - 100 денари.

МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА

Веднаш потпишете ја картичката по нејзиното подигање на задната страна во просторот предвиден за тоа.
Внимавајте на сигурноста на вашата картичка. Не оставајте ја на видни места од кои може да биде украдена и не позајмувајте ја на други лица.
Информирајте нè веднаш за промена на вашите лични податоци (презиме, адреса, контакт-телефон...).

ТАЈНОСТ НА ПИН-КОДОТ

Вашиот ПИН-код чувајте го на сигурно место. Не го кажувајте никому, дури ни на вработени во Банката или во полиција.
Запомнете го ПИН-кодот - никогаш не го запишувајте и не го чувајте на исто место со вашата картичка.

ЗАШТИТА ПРИ ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТ

Пред употреба на картичката на банкомат, уверете се некој да не стои зад вас.
Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
Покријте ја Вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
Никогаш не прифаќајте помош од други лица при употребата на картичката на банкомат.
На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете вашата картичка од банкоматот.
Доколку се посомневате во веродостојноста и изгледот на банкоматот, веднаш напуштете ја локацијата.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ПРОДАЖНО МЕСТО

Кога купувате на продажно место со картичката, внимателно следете го извршувањето на целата трансакција со вашата картичка и инсистирајте што побрзо да ви ја вратат картичката.
Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на ПИН-кодот и вашиот потпис.
Покријте ја вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот на ПОС терминалот на продажното место за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ/ТЕЛЕФОН

Никогаш не го внесувајте ПИН-кодот на интернет-страницата бидејќи тој никогаш не е потребен за реализирање нарачка.
При купување преку интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
Купувајте само од интернет-страници на проверени компании во кои имате доверба. Осигурајте се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет-адресата започнува со https:// наместо со http://.
Водете евиденција на интернет-страниците од кои купувате. Многу интернет-продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа. Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.
Доколку го откажувате плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на плаќањето, за да избегнете плаќање за веќе откажано плаќање.

СОВЕТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ МОЖНА ЗЛОУПОТРЕБА НА КАРТИЧКАТА

Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
Редовно и внимателно проверувајте ги месечните извештаи, дури и во случај да не сте ја користеле картичката во тековниот месец.
Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте ја Банката на тел. +3892 32 47 000 локал 017.
Никогаш не го давајте бројот на вашата картичка преку телефон, освен ако се работи за контакт со одговорно лице од вашата банка.

Доколку ја изгубите или ви ја украдат картичката, ве молиме веднаш пријавете во контакт-центарот на телефонскиот број +389 2 32 47 000 локал 017.