•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредит со депозит

  • БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ
  • БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА
Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години.
Износ
  • Максимум до 95% во однос на висината на депонираниот износ, но не помалку од 20.000 денари.
Валута
  • Во денари (МКД).
Каматна стапка

2,50%

годишна фиксна каматна стапка

Фиксна каматна стапка над пасивната каматна стапка за депозити со определена намена.

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
  • Пресметката на каматата се врши месечно по пропорционална метода.
Рок на отплата
  • Од 12 месеци до 60 месеци.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • Залог на депозит кој може да биде денарски и/или девизен од физичко и/или правно лицe, чиј рок на депонирање е еднаков или поголем од рокот на враќање на кредитот, при што треба да се почитуваат следните правила:
    • Кога валутата на кредитната изложеност е иста со валутата на депозитот/депозитите кои служат како обезбедување, тогаш кредитната изложеност не треба да биде повисока од 95% од вредноста на обезбедувањето.
    • Кога валутата на кредитната изложеност е различна од валутата на депозитот/депозитите кои служат како обезбедување, тогаш кредитната изложеност не треба да биде повисока од 90% од вредноста на обезбедувањето.
    • Кога валутата на кредитната изложеност е различна од валутата на депозитот/депозитите кои служат како обезбедување, а валутата на депозитот/депозитите е евро, тогаш кредитната изложеност не треба да биде повисока од 95% од вредноста на обезбедувањето.
Систем на процена
  • 95% од износот на депозитот.
Исплата
  • На платежна сметка на кредитокорисникот.
Провизии
ПРОМОТИВНО
  • 0,50% мин. 1500 денари за одобрување кредит во промотивен период до 31.01.2025 година. 
  • Надоместок за обработка на барање за кредит за физички лица приматели на плата/пензија преку ТТК Банка - 600 денари.
  • Надоместок за обработка на барање за кредит за физички лица неприматели на плата/пензија преку ТТК Банка - 800 денари.
  • Надоместок за измена на обезбедување за кредити за физички лица - 1% манипулативни трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата.
Трошоци
  • Трошоци за интеркаларна камата.
Вид на кредитот Ненаменски потрошувачки кредит обезбеден со депозит
Износ 250.000,00 денари.
Рок на отплата 36 месеци.
Износ на ануитет 7.386,00 денари.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 2,50% годишна фиксна к.с. над пасивната каматна стапка за депозити со определена намена којшто служи како обезбедување за кредитот. Пример: 4,05% (1,55% + 2,50%).
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 4,29%.
Вкупен износ за плаќање 266.483,00 денари.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 250.000,00 денари.
Вкупен износ на камата за кредитот 14.383,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 600,00 денари.
Надоместок за одобрување на кредитот 1500 денари (0,50% мин. 1500 денари надоместок за одобрување)
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати: /
Датум на пример 1.10.2024 година.