•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
  • 24/7 ПРИСТАП ДО ПАРИ 
  • БЕСКОНТАКТНО ПЛАЌАЊЕ БЕЗ ПРОВИЗИЈА 
  • 24/7 СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА И ПРОМЕТОТ ПРЕКУ TTK E-BANK И TTK M-BANK
  • ПРОМЕНА НА ЛИМИТ ЗА ОN-LINE ПАЌАЊА ПРЕКУ TTK E-BANK И TTK M-BANK
  • ПРОМЕНА НА ЛИМИТ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ГОТОВИНА ОД АТМ ПРЕКУ TTK E-BANK И TTK M-BANK
  • „3DS2“ SECURE НАЈВИСОКО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНТЕРНЕТ-ТРАНСАКЦИИ

VISA Classic Debit - дебитна картичка

Корисници
  • Државјани на Република Северна Македонија, деловно способни лица над 18 години.
Износ
  • До износот расположлив на платежна сметка, вклучувајќи го и износот на дозволеното пречекорување за корисници кои примаат плата преку ТТК Банка АД Скопје.
Валута
  • Во денари (МКД).

Каматна стапка

(годишна, променлива)

  • 14,00% каматна стапка до и над дозволено пречекорување на платежна сметка  (референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 пп);
  • Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
Рок
  • Прво издавање - 5 години;
  • Обновување - 5 години.
Можности
  • Платежна картичка со важност во Република Северна Македонија и во странство;
  • Можност за плаќање на рати за безготовински трансакции:
    • над 1.500 денари до 6.000 денари на 3 (три) рати, без надоместок;
    • над 6.000 денари на 6 рати, без надоместок.
Причина повеќе
  • Плаќање на рати без надоместок до 6 (шест) рати;
  • Бесконтактно плаќање без провизија на ПОС терминалите во земјата и во странство;
  • Промена на дневен лимит за плаќање преку интернет, достапно преку TTK E-bank и TTK M-bank;
  • Едноставно следење на промените и состојбата на картичките преку дигиталните канали TTK E-bank и TTK M-bank и преку електронските сервиси за информирање;
  • „3DS2 Secure“ највисоко ниво на безбедност за интернет-трансакции;
  • „Cash In“ функционалности достапни преку широката мрежа на банкомати;
  • Чип-технологија за поголема сигурност и безбедност;
  • Издавање/обновување на картичката на долг рок од 5 години;
  • 24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.
Потребни документи
  • Пополнето и потпишано барање за добивање и користење картичка;
  • Копија од валидна лична карта или пасош.
Провизии
  • Користење на картичката за безготовински плаќања на ПОС терминали во земјата и странство - без провизија;
  • Повлекување готовина од АТМ - без провизија;
  • Повлекување готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во земјата – 3%+150 денари;
  • Повлекување  готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во странство – 3% +200 денари.
Членарини
  • Членарина за основна картичка - 20 денари месечно;
  • Без членарина за корисници:
    • кои во тековниот месец оствариле промет во трговија (на ПОС терминали, физички и виртуелни) во висина над 8.000 ден.;
    • приматели на пензија или социјална помош;
    • кои имаат вкупен промет на платежна сметка поврзана со картичката до 500 ден. во тековниот месец;
  • Членарина за дополнителна картичка - 20 денари месечно.
Трошоци
  • Издавање и обнова на картичка - 150 денари;
  • Реиздавање ПИН-код - 200 денари;
  • Промена на ПИН-код на банкомат - 100 денари;
  • Реизработка на картичка поради губење, кражба или други оштети на картичката - 400 денари.

МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА

Веднаш потпишете ја картичката по нејзиното подигање на задната страна во просторот предвиден за тоа.
Внимавајте на сигурноста на вашата картичка. Не оставајте ја на видни места од кои може да биде украдена и не позајмувајте ја на други лица.
Информирајте нè веднаш за промена на вашите лични податоци (презиме, адреса, контакт-телефон...).

ТАЈНОСТ НА ПИН-КОДОТ

Вашиот ПИН-код чувајте го на сигурно место. Не го кажувајте никому, дури ни на вработени во Банката или во полиција.
Запомнете го ПИН-кодот - никогаш не го запишувајте и не го чувајте на исто место со вашата картичка.

ЗАШТИТА ПРИ ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТ

Пред употреба на картичката на банкомат, уверете се некој да не стои зад вас.
Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
Покријте ја Вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
Никогаш не прифаќајте помош од други лица при употребата на картичката на банкомат.
На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете вашата картичка од банкоматот.
Доколку се посомневате во веродостојноста и изгледот на банкоматот, веднаш напуштете ја локацијата.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ПРОДАЖНО МЕСТО

Кога купувате на продажно место со картичката, внимателно следете го извршувањето на целата трансакција со вашата картичка и инсистирајте што побрзо да ви ја вратат картичката.
Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на ПИН-кодот и вашиот потпис.
Покријте ја вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот на ПОС терминалот на продажното место за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ/ТЕЛЕФОН

Никогаш не го внесувајте ПИН-кодот на интернет-страницата бидејќи тој никогаш не е потребен за реализирање нарачка.
При купување преку интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
Купувајте само од интернет-страници на проверени компании во кои имате доверба. Осигурајте се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет-адресата започнува со https:// наместо со http://.
Водете евиденција на интернет-страниците од кои купувате. Многу интернет-продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа. Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.
Доколку го откажувате плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на плаќањето, за да избегнете плаќање за веќе откажано плаќање.

СОВЕТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ МОЖНА ЗЛОУПОТРЕБА НА КАРТИЧКАТА

Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
Редовно и внимателно проверувајте ги месечните извештаи, дури и во случај да не сте ја користеле картичката во тековниот месец.
Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте ја Банката на тел. +3892 32 47 000 локал 017.
Никогаш не го давајте бројот на вашата картичка преку телефон, освен ако се работи за контакт со одговорно лице од вашата банка.

Доколку ја изгубите или ви ја украдат картичката, ве молиме веднаш пријавете во контакт-центарот на телефонскиот број +389 2 32 47 000 локал 017.