•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
  • ОВОЗМОЖЕТЕ СИ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗА ВАС И ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО
  • ВЛОЖУВАЈТЕ ВО СИГУРНА ИДНИНА
  • ШТЕДЕТЕ ПО ОДЛИЧНИ УСЛОВИ И КАМАТНИ СТАПКИ ВО ПОВЕЌЕ ВАЛУТИ И РОЧНОСТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Стандарден депозит

Период на орочување EUR AUD USD GBP Останати
По видување 0,00% 0,00% 0,00% 0,00% 0,00%
1 месец 0,01% 0,05% 0,00% 0,02% 0,01%
3 месеци 0,01% 0,20% 0,01% 0,03% 0,05%
6 месеци 0,01% 0,30% 0,03% 0,04% 0,05%
12 месеци 0,65% 0,50% 0,05% 0,05% 0,05%
13 месеци 0,75% / / / /
24 месеци 1,15% 0,60% 0,10% 0,15% 0,10%
36 месеци 1,35% 0,70% 0,30% 0,30% 0,10%
Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник и странски физички лица.
  • Полнолетно деловно способно лице (лично).
  • Полнолетно лице без деловна способност (со законски застапник).
  • Малолетно лице со родител (деловно способно лице како законски застапник).
Валута
  • Странски валути (EUR, USD, AUD, GBP, CAD, DKK, SEK, NOK).
Период на орочување
  • Депозити по видување.
  • Краткорочни депозити орочени на 1, 3, 6 и 12 месеци.
  • Долгорочни депозити орочени на 13, 24 и 36 месеци.
Каматна стапка
  • Пресметката на каматата на средствата се врши месечно со примена по конформна метода.
  • Тип на каматна стапка: годишна фиксна каматна стапка.
Други услови
  • Со штедната книшка може да располага:
    • Сопственикот или ополномоштено лице од страна на сопственикот.
    • Законскиот застапник за малолетното лице до неговата 18-годишна возраст.
    • Законскиот застапник на лицето сопственик.
Потребни документи
  • Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за домашни физички лица.
  • Пасош за странски физички лица.
Друго
  • Во штедната книшка се евидентираат сите промени што се вршат од страна на корисникот.
  • Исполнетите или оштетените книшки се заменуваат со нови, додека за изгубените и уништените се отвораат книшки со нов број.
  • За секој депозит се потпишува договор во кој се наведени условите за штедење и каматната стапка.
  • Кај малолетни лица, при отворање на штедниот влог, треба да се достави извод од матичната книга на родените.
  • Со штедниот влог располага законскиот застапник до полнолетството на вложувачот со што автоматски му се пренесува правото за располагање со влогот.
  • За малолетни лица над 14 години законскиот застапник може да потпише изјава за дозвола за располагање со штедниот влог, и тоа пред вработениот во Банката.
  • Само сопственикот, односно законскиот застапник на штедниот влог може писмено да побара раскинување на договорот и затворање штеден влог, и тоа 7 дена порано.
  • Сопственикот може да овласти и други лица за располагање со каматата од штедниот влог.
  • Штедниот влог по видување може да се поврзе и со траен налог за плаќање сопствени сметки.
  • Во одредени случаи штедниот влог може да претставува обезбедување за подигнување кредит во Банката.
  • Кај рентното штедење каматата од орочениот влог месечно се префрла на книшка по видување или на платежна сметка.
Тајност
  • Податоците за депозитите се деловна тајна.
Можности
  • Дознаки во странство.
  • Приливи од странство.
  • (Се користи IBAN број кој важи за повеќето западноевропски земји).
Сигурност
  • Вкупните депозити на клиентите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот врши обесштетување на осигурените депозити со износ до 30.000 евра во денарска противвредност по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на НБРСМ на денот на укинувањето на дозволата за работење на Банката.
Исплата на камата
  • Месечна исплата, по истек на месецот. Каматата редовно, месечно, се припишува на штедниот влог, со можност за месечно подигнување на каматата на платежна сметка или книшка по видување.