•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ПРОМО ФИКС ВИП потрошувачки кредит

Важност на промотивната понуда
  • До 31.1.2025 година.
Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 12 месеци или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, финансиски институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката; пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ).
    • Класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), со месечни примања над 100.000 денари (континуирано во последните 6 месеци), кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка;
    • Вработени во банки или други финансиски институции, класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), кои примаат плата преку ТТК Банка/кои не примаат плата преку ТТК Банка. Непримателите на плата треба да имаат месечни примања над 100.000 денари (континуирано во последните 6 месеци).
  • Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 75 години.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат до 2 (два) кредитоспособни кокредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
Износ
  • Од 20.000 денари до 1.500.000 денари.
Валута
  • Денарски кредит (МКД).
Каматна стапка

5,00%

годишна фиксна каматна стапка

 

За кредити со и без ризико животно осигурување

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
  • Пресметката на каматата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
Рок на отплата
  • До 120 месеци.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • Без жиранти за кредити до 1.500.000 ден. За кредити на износ од 1.200.000 до 1.500.000 ден. доказ за сопственост на имот -  имотен лист не постар од 3 месеци, во спротивно 1 (еден) жирант.
  • Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 600.000 денари).
  • Административна забрана на плата.
  • Траен налог.
  • Полиса за ризико животно осигурување.
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и.
  • За кредити со ризико животно осигурување, полиса за ризико животно осигурување издадена од Триглав Осигурување живот АД Скопје винкулирана во корист на ТТК Банка. Осигурената сума треба да изнесува 100% од одобрениот износ на кредитот.
Полиса за ризико животно осигурување
  • ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
  • Полисата за ризико животното осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
  • Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и таа е винкулирана во корист на ТТК Банка АД Скопје.
  • Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот.
  • Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно.
  • Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот и здравствениот прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво.
Документи за наплата
  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
Исплата
  • На платежна сметка на кредитокорисникот.
Надоместоци
  • 0.50% мин. 2.000 денари за одобрување на кредит со ризико животно осигурување.
  • 1.00% мин. 2.000 денари за одобрување на кредит без ризико животно осигурување.
  • Обработка на барање за кредит - 600 денари, еднократно.
Трошоци
  • Трошок за интеркаларна камата.
  • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно).
  • Трошок за полиса за ризико животно осигурување за кредит со ризико животно осигурување.
Вид на кредитот Ненаменски потрошувачки кредит ПРОМО ФИКС ВИП со ризико животно осигурување
Износ 150.000,00 денари.
Рок на отплата 60 месеци.
Износ на ануитет 2.831,00 денари.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 5,00% годишна фиксна к.с.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 5,94%.
Вкупен износ за плаќање 172.635,00 денари.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 150.000,00 денари.
Вкупен износ на камата за кредитот 19.835,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 600,00 денари.
Надоместок за одобрување на кредитот 2000 денари (0,50% мин 2000 денари надоместок за кредит обезбеден со ризико животно осигурување)
Трошок за меница 200 денари
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:
Полиса за животно осигурување Трошокот за полисата се утврдува дополнително во согласност со законската регулатива и тарифата на осигурителното друштво.
Датум на пример 01.10.2025 година.