•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
  • СО ДЕТСКОТО ШТЕДЕЊЕ ЗАШТЕДЕТЕ ЗА СИТЕ ГОЛЕМИ И МАЛИ ЖЕЛБИ
  • ШТЕДЕТЕ ВО ПОВЕЌЕ ВАЛУТИ И НА ПОВЕЌЕ РОЧНОСТИ

Детско штедење

Период на орочување Висина на годишна каматна стапка 
1 месец 0,02%
3 месеци 0,10%
6 месеци 0,40%
12 месеци 1,50%
24 месеци 2,30%
36 месеци 2,80%
Корисници
  • Малолетно лице со законски застапник (родител или старател).
Валута
  • Во денари (МКД).
Период на орочување
  • Краткорочни депозити орочени на 1, 3, 6 и 12 месеци.
  • Долгорочни депозити орочени на 24 и 36 месеци.
Каматна стапка
  • Пресметката на каматата на средствата се врши месечно со примена по конформна метода.
  • Тип на каматна стапка: годишна фиксна каматна стапка.
Други услови
  • Со штедната книшка може да располага:
    • Законскиот застапник на малолетното лице до неговата 18-годишна возраст.
Потребни документи
  • Извод од матичната книга на родените за малолетното лице.
  • Документ за идентификација на законскиот застапник (важечка лична карта или пасош).
Друго
  • Во штедната книшка се евидентираат сите промени што се вршат од страна на корисникот.
  • Исполнетите или оштетените книшки се заменуваат со нови, додека за изгубените и уништените се отвораат книшки со нов број.
  • Законски застапник може да биде само родителот или старателот на малолетното лице и при отворање на штедниот влог треба да се достави извод од матична книга на родените.
  • Со штедниот влог располага законскиот застапник до полнолетството на сопственикот (малолетно лице), со што автоматски му се пренесува правото за располагање со влогот.
  • За малолетни лица над 14 години законскиот застапник може да потпише изјава за дозвола за располагање со штедниот влог, и тоа пред вработениот во Банката.
  • Само законскиот застапник на штедниот влог може писмено да побара раскинување на договорот и затворање штеден влог, и тоа 7 дена порано.
Тајност
  • Податоците за депозитите се деловна тајна.
Сигурност
  • Вкупните депозити на клиентите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот врши обесштетување на осигурените депозити со износ до 30.000 евра во денарска противвредност по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на НБРСМ на денот на укинувањето на дозволата за работење на Банката.
Исплата на камата
  • Месечна исплата, по истек на месецот. Каматата редовно, месечно, се припишува на штедниот влог, со можност за месечно подигнување на каматата на платежна сметка или книшка по видување.