Ново во ТТК M-bank: Visa Direct и Visa+ – Испраќај и примај пари за неколку секунди!
Со Visa Direct и Visa+, преку апликацијата ТТК M-bank, отсега можеш да испраќаш и да примаш пари директно со Visa дебитната картичка – брзо, лесно и сигурно, 24/7.
Испраќање средства
Преку Visa Direct, испраќај пари од твојата денарска сметка и Visa дебитната картичка на ТТК Банка АД Скопје, директно на Visa дебитна картичка издадена од која било банка во земјата:
∙ Со внесување на бројот на картичката
∙ Или со внесување мобилен телефонски број (доколку примачот е регистриран во Visa+)
Трансферот се врши во реално време, а средствата се достапни веднаш.
Надоместок за испраќање средства: 200,00 денари по трансакција.
Дневен лимит: 60.000,00 денари
Месечен лимит: 1.000.000,00 денари
Примање средства
Како корисник на Visa дебитна картичка од ТТК Банка АД Скопје, можеш да примаш пари директно на картичката:
∙ Регистрирај се во Visa+ преку ТТК M-bank
∙ Поврзи го својот мобилен број
∙ Примај средства без потреба од дополнителни податоци, само со мобилен број
Зошто Visa Direct преку ТТК M-bank?
∙ Брз трансфер во реално време – парите пристигнуваат за неколку секунди
∙ Достапност 24/7 – и за време на викенди и за време на празници
∙ Едноставност – доволен е бројот на картичката или мобилниот телефонски број
∙ Сигурност – трансакциите се одвиваат преку глобалната Visa мрежа
Кој може да ја користи услугата?
∙ Корисници на Visa дебитна картичка на ТТК Банка АД Скопје
∙ Клиенти со активна денарска сметка
∙ Корисници на апликацијата ТТК M-bank
∙ Клиенти со ажурирани лични податоци во банката
Соодветна за:
∙ Брзо испраќање пари на пријатели и семејство
∙ Примање пари без споделување на бројот на картичката
∙ Делење трошоци или поврат на средства
∙ Користење преку различни банки и апликации што поддржуваат Visa+
Во подготовка:
Наскоро се очекува услугата да биде достапна и за трансакции кон Visa картички издадени од странски банки.