СЕПА кредитни трансфери во ЕУР
Од 8 октомври 2025 година, ТТК Банка овозможува извршување на девизни СЕПА кредитни трансфери и СЕПА приливи во евра за физички и правни лица преку филијалите и експозитурите на Банката.
Што е СЕПА?
СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area) претставува Единствена област за плаќања во евра која овозможува едноставни, брзи и сигурни кредитни трансфери во евра меѓу земјите членки на СЕПА, под исти услови како и домашните плаќања.
СЕПА ги стандардизира платните процеси и форматите за размена на податоци, овозможувајќи поефикасно, потранспарентно и побезбедно извршување на трансакциите за физички и правни лица.
Плаќањата во евра во рамки на СЕПА вообичаено се реализираат истиот или најдоцна следниот работен ден.
Повеќе информации за земјите членки на СЕПА се достапни на официјалната страница на European Payments Council.
Опис на услугата
СЕПА кредитните трансфери овозможуваат побрзи, поедноставни и поевтини трансакции во евра кон над 40 земји членки на СЕПА, без потреба од посреднички банки.
Kорисници
Физички лица со активна платежна сметка во Банката.
Термин
За извршување со валута ист ден до 12:00 часот.
Услови за извршување на кредитни трансфери преку СЕПА
За успешно извршување на кредитен трансфер во рамки на СЕПА (SEPA Credit Transfer), потребно е да бидат исполнети следните услови:
- Давателот на платежни услуги на испраќачот и давателот на платежни услуги на примателот (банките) да бидат учесници во СЕПА платните шеми.
- Испраќачот и примателот да поседуваат платежни сметки во банки лоцирани во земјите од СЕПА зоната.
- Трансферот да биде инициран и означен како SEPA Credit Transfer.
- Плаќањето задолжително да се извршува во валута евра (EUR).
- Начинот на распределба на трошоците да биде SHA (shared) – испраќачот ја плаќа провизијата на својата банка, додека примателот го добива целосниот износ на трансферот.
Исполнувањето на наведените услови овозможува брзо, сигурно и стандардизирано извршување на плаќањата во евра во рамки на СЕПА зоната.
Надоместоци и начин на извршување на услугата
Физички лица
| Услуга | На шалтер | Преку интернет и мобилна апликација |
| СЕПА кредитен трансфер во евра |
250 ден. |
до 50 евра - 60 ден. од 50,01 евра - 200 ден. |
| СЕПА прилив во евра |
до 50 евра - 60 ден. од 50,01 евра - 200 ден. |
/ |
Регулатива
За СЕПА кредитните трансфери важат истите правила од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните меѓународни трансфери преку коресподентско банкарство.
За дополнителни информации, обратете се во најблиската филијала или експозитура на ТТК Банка.