Со воведувањето на ЕИБ кредитната линија, ТТК Банка продолжува со интензивната поддршка на развојот на малите и средните претпријатија во Република Северна Македонија, преку зајакнување на конкурентските предности на домашното стопанство. Средствата од оваа кредитна линија, ТТК Банка ќе ги пласира преку широка понуда на исклучително поволни кредити за инвестиции и развој, прилагодени на потребите и можностите на домашните мали и средни претпријатија.
Примарна цел на кредитната линија од Европската инвестициона банка е обезбедување свеж капитал за поддршка на малите и средните претпријатија кој ќе биде насочен кон реализација на нови инвестициски проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Oваа кредитна линија им овозможува на претпријатијата брзо и едноставно да ја модернизираат својата опрема и машини, да инвестираат во набавка на нови возила, да го адаптираат, до го купат или да го изградат деловниот простор и на тој начин да го унапредат своето работење.
Европската инвестициона банка e финансиска институција на Европската Унија, формирана во 1958 година со Римскиот договор. Учествува рамо до рамо со локалните финансиски институции во финансирањето инвестициони програми кои се дел од целите на Европската Унија.