•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Овердрафт - револвинг кредит во денари

Со цел остварување на вашите бизнис идеи и инвестирање во профитабилни проекти, ТТК Банка АД Скопје има развиено голема понуда на кредити. 

Во понудата е и Револвинг кредитот во денари за пречекорување на состојба на сметка на правното лице.

Корисници
  • Правни лица регистрирани на територијата на Република Северна Македониjа, деловно активни најмалку 1 (една) година.
Валута
  • Во денари (МКД).
Рок
  • До 12 (дванаесет) месеци.
Износ
  • Во зависност од кредитната способност на правното лице.
Каматна стапка
  • 7,0% - 11,0% годишна фиксна каматна стапка (каматната стапка од распонот е во зависност од кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката, рокот на отплата на кредитот);
  • Договорна казнена каматна стапка 24,45% годишно за кредит во денари за достасани, а не подмирени обврски.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во сооднос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, во сооднос кој ќе го утврди Банката;
  • Гаранција од друга банка, депозит во депо, орочен депозит;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително.
Исплата
  • На платежна сметка на правното лице.