Примарна емисија на државните хартии од вредност се врши на аукции кои ги организира НБРСМ согласно Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност. ТТК Банка, како овластен директен учесник на аукциите, им дава можност на правните лица како индиректни учесници да купуваат државни хартии од вредност издадени од Министерство за финансии на РСМ на примарен пазар.
Корисници
Услуга
- Купување државни хартии од вредност за примарен пазар.
Потребни документи
- Барање за купување државни хартии од вредност;
- Тековна состојба на правно лице, не постара од 3 месеци со матични броеви;
- ЗП – Образец, заверен на нотар;
- Договор за купување државни хартии од вредност;
- Потврда за уплата на паричен износ за учество на аукција.
Износ
- Минимален износ за учество на аукција изнесува 10.000,00 денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од 10.000,00 денари).
Надоместоци
- 0,12% од номинален износ (мин 300 ден.) за трошоци за учество на аукција на државни хартии од вредност;
- 300 денари за обработка на Барање за учество на аукција.
ТТК Банка, по приемот на Барањето и по склучен Договор најдоцна еден ден пред денот на одржување на аукцијата, Ви овозможува индиректно да учествувате на закажаната аукција на државни хартии од вредност.
Аукциите се одржуваат на утврдени датуми, согласно Календарот за емисија на државни хартии од вредност.
Проспектите за аукциите се објавуваат на интернет страницата на Министерството за финансии, односно на следниот линк.
Дополнителни и стручни консултации може да добиете од наведените лица за контакт во Банката, како и на интернет страницата на Министерството за финансии и на Народната Банка на РСМ.
Постапката за купување на граѓанска обврзница ќе се одвива со поднесок на барање во деловните единици на ТТК Банка.
Контакт:
Е-пошта: likvidnost@ttk.com.mk
Телефони: (02) 3247-000-локали: 458, 412 и 445