•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Работа со хартии од вредност

1. Берзанско работење

Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година.

Во рамките на Банката работи Одделот за работа со хартии од вредност. Тргувањето се извршува во регистрираните простории во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката низ цела земја. Тргувањето го обавуваат тројца лиценцирани брокери кои стручно и квалитетно ги реализираат налозите од клиентите.

Тргувањето на Македонската Берза со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Берзанско работење - правни лица

Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година.

Во рамките на Банката работи Одделот за работа со хартии од вредност. Тргувањето се извршува во регистрираните простории во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката низ цела земја. Тргувањето го обавуваат тројца лиценцирани брокери кои стручно и квалитетно ги реализираат налозите од клиентите.

Тргувањето на Македонската Берза со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Услуги

  • купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
  • купување и продавање хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
  • услуги на покровител при котација;
  • давање електронски налози за тргување со хартии од вредност;
  • Вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартии од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, беззадолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
  • Вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартии од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
  • Извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност Законот за преземање на акционерски друштва.

Електронско тргување со хартии од вредност

ТТК Банка АД Скопје Ви овозможува едноставност во тргувањето со хартии од вредност преку давање електронски налози со користење на апликацијата eTrader.
Во соработка со овластените брокери на Банката креирајте го Вашето портфолио и реализирајте го Вашиот план за инвестирање.

Зошто електронско тргување?

  • Едноставно, брзо и сигурно тргување на Македонска Берза;
  • Електронско давање на налози за купување и продавање на хартии од вредност нивна измена или повлекување;
  • Следење на берзанското тргување и извршувањето на налозите во реално време;
  • Аларми (нотификации за промените на пазарот);
  • Автоматски прием на извештаи за реализирани трансакции;
  • Пристап во секое време до моменталните и историските податоци за портфолиото, налозите и трансакциите.

Што е потребно за електронско тргување?

  • Тековна состојба, не постара од 3 месеци;
  • Листа на овластени потписници / образец заверен потпис - ЗП;
  • Копија од документ за идентификација на овластените потписници;
  • Одлука од правното лице за купување/продавање на хартии од вредност (зависно од статутот на правното лице);
  • Банкарска сметка на правното лице.

Информации околу тргувањето со хартии од вредност можете да добиете доколку ги контактирате овластените брокери:

Оддел за работа со хартии од вредност

ttkbroker@ttk.com.mk


Раководител: Иван Ортаковски

тел.: 02/32 47 000 лок. 496

ivan.ortakovski@ttk.com.mk


Овластен брокер: Тања Поповска

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 495

tanja.popovska@ttk.com.mk


Овластен брокер: Марко Јовановски

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 497

marko.jovanovski@ttk.com.mk


Соработник: Стефанија Симеонова

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 495

stefanija.simeonova@ttk.com.mk


2. Купување државни хартии од вредност (државни записи и државни обврзници) на примарен пазар - правни лица

Купување државни хартии од вредност (државни записи и државни обврзници) на примарен пазар - правни лица

Примарна емисија на државните хартии од вредност се врши на аукции кои ги организира НБРСМ согласно Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност. ТТК Банка, како овластен директен учесник на аукциите, им дава можност на правните лица како индиректни учесници да купуваат државни хартии од вредност издадени од Министерство за финансии на РСМ на примарен пазар.

Корисници

  • Домашни правни лица.

Услуга

  • Купување државни хартии од вредност за примарен пазар.

Потребни документи

  • Барање за купување државни хартии од вредност;
  • Тековна состојба на правно лице, не постара од 3 месеци со матични броеви;
  • ЗП – Образец, заверен на нотар;
  • Договор за купување државни хартии од вредност;
  • Потврда за уплата на паричен износ за учество на аукција.

Износ

  • Минимален износ за учество на аукција изнесува 10.000,00 денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од 10.000,00 денари).

Надоместоци

  • 0,12% од номинален износ (мин 300 ден.) за трошоци за учество на аукција на државни хартии од вредност;
  • 300 денари за обработка на Барање за учество на аукција.

 

ТТК Банка, по приемот на Барањето и по склучен Договор најдоцна еден ден пред денот на одржување на аукцијата, Ви овозможува индиректно да учествувате на закажаната аукција на државни хартии од вредност.

Аукциите се одржуваат на утврдени датуми, согласно Календарот за емисија на државни хартии од вредност.

Проспектите за аукциите се објавуваат на интернет страницата на Министерството за финансии, односно на следниот линк.

Дополнителни и стручни консултации може да добиете од наведените лица за контакт во Банката, како и на интернет страницата на Министерството за финансии и на Народната Банка на РСМ.

Постапката за купување на граѓанска обврзница ќе се одвива со поднесок на барање во деловните единици на ТТК Банка.

Контакт:

Е-пошта: likvidnost@ttk.com.mk

Телефони: (02) 3247-000-локали: 458, 412 и 445