•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

СУПЕР Станбен кредит 5

Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 12 месеци или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, акционерски друштва, институции прифатливи за Банката, приматели на плата преку ТТК Банка АД Скопје со минимален износ на месечни примања не пониски од 12.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 75 години.
  • Пензионери, приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје со минимален износ на месечни примања не пониски од 9.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 75 години.
  • Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 65 години.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат кредитоспособни кокредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
Намена на кредитот
  • За купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице.
  • За градба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа).
  • За рефинансирање на станбен кредит од друга банка.
Износ и учество
  • Од 5.000 евра до 300.000 евра во денарска противвредност (во зависност од кредитоспособноста) односно до 25.000 евра во денарска противвредност за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор.
  • Сопствено учество од 10% (% од вредноста на станот/куќата што се купува, гради, доградува, надградува).
  • БЕЗ СОПСТВЕНО УЧЕСТВО доколку соодносот помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (залог на недвижен имот стан, куќа, деловен простор) е минимум 1:1,5.
  • Вклучен износ на премија за ризико животно осигурување.
Валута
  • Денарски кредит со ЕУР клазула (ЕУР - среден курс на НБРСМ).
Каматна стапка

3,00%

годишна фиксна каматна стапка за првите пет години

6,672% (6 месечен ЕУРИБОР + 3,00 процентни поени, но не пониска од 3,00%) годишна променлива каматна стапка по истекот на првите пет години.

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
Рок на отплата
  • Од 60 месеци до 360 месеци (до 240 месеци за деловен простор и земјиште во градба) со вклучен грејс период до 12 месеци.
  • Oд 60 месеци до 180 месеци за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор, без грејс-период.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос меѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1 до 1:6 во зависност од атрактивноста на објектот).
  • Меница со менична изјава.
  • Административна забрана на плата.
  • Траен налог.
  • Полиса за ризико животно осигурување.
Полиса за ризико животно осигурување
  • ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
  • Полисата за ризико животното осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
  • Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и таа е винкулирана во корист на ТТК Банка АД Скопје.  
  • Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот.
  • Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно.
  • Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот и здравствениот прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво.
Документи за наплата
  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
Исплата
  • Исплата на средства по купопродажен договор на платежна сметка на продавачот.
Надоместоци

ПРОМОТИВНО
  • 0,50% мин. 6000 денари надометок за одобрување кредит во промотивен период до 31.1.2025 година (Без надоместок за одобрување на кредит за затворање на изложеност од друга банка). 

  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање за кредит.
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање на кредит.
Трошоци
  • Процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година или процена од вработен проценител во Банката согласно Тарифата на Банката.
  • Трошок за интеркаларна камата.
  • Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа.
  • Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.
  • Трошок за полиса за ризико животно осигурување.
Вид на кредитот Станбен кредит со ризико животно осигурување
Износ 40.000,00 евра.
Рок на отплата 360 месеци.
Износ на ануитет 168,64 евра во првите пет години; 243,91 евра за останатиот период.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 3,00% годишна фиксна к.с. во првите пет години; 6,672% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 5,47%.
Вкупен износ за плаќање 83.491,76 евра.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 40.000,00 евра.
Вкупен износ на камата за кредитот 43.283,65 евра (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 0,00 евра.
Надоместок за одобрување на кредитот 12,299 денари. (0,50% мин. 6000 денари)
Трошок за меница 500 денари
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:
Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот 0,00 денари (во промотивен период до 31.12.2024 година).
Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката Во согласност со нотарската тарифа.
Полиса за животно осигурување Трошокот за полисата се утврдува дополнително во согласност со законската регулатива и тарифата на осигурителното друштво.
Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици Трошокот за полисата се утврдува дополнително во согласност со законската регулатива и тарифата на осигурителното друштво.
Датум на пример 01.10.2024 година.