•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Мобилна апликација (ТТК М-bank)

Преземете ја бесплатната мобилна апликација TTK M-bank на ТТК Банка АД Скопје, брзо и едноставно, на вашиот мобилен телефон или таблет и имајте интернет банкарство во „од“ секаде и секогаш со вас.

TTK M-bank е софтверска бесплатна апликација за мобилни телефони и таблети, преку која е овозможен лесен и безбеден пристап до голем дел од услугите за физички лица на ТТК Банка АД Скопје, од кое било место и кое било време.

Со нејзиното користење ќе имате постојан увид во вашите сметки, штедни влогови или картички, ќе можете едноставно и безбедно да вршите трансфери на средства и да ги дознаете сите информации поврзани со производите и услугите за физички лица. Сѐ што е потребно е да имате мобилен телефон или таблет и интернет-врска.

Мобилната апликација TTK M-bank ви овозможува:

  • Проверка на состојба на денарска или девизна платежна сметка;
  • Проверка на состојба на платежна картичка;
  • Проверка на состојба на кредит/депозит;
  • Менувачко работење - дозволено само за купување и продавање валути за оние валутни сметки што корисникот ги има во ТТК Банка;
  • Преглед на информативните смс или е-меил пакети што ги нуди ТТК Банка (со можност да се активира или да се деактивира користењето некоја услуга или пакет од соодветното мени);
  • Отворање стандарден депозит (како специфична услуга и кусур штедење);
  • Плаќања (плаќање сметки за режиски трошоци, уплата на рата за кредит или рата на кредитна картичка), парични трансфери или преглед на реализирани налози;
  • Промена на дневен лимит на плаќање преку Интернет;
  • Пријавување изгубена платежна картичка;
  • Калкулатор за кредити и депозити;
  • Конвертор на валути;
  • Инфо за кредитни, депозитни производи;
  • Инфо за курсна листа;
  • GPS локатор на банкомати;
  • Мрежа на експозитури и филијали со приказ на мапа;
  • Новости и соопштенија;
  • Контакт-информации.

Апликацијата TTK M-bank се презема бесплатно од App Store (со iOS верзија 7 или понова) и Google Play (со Android верзија 2.3.3 или понова). За нејзино користење ви е потребна само интернет-врска.
За да станете корисник на мобилната апликација TTK M-bank, потребно е претходно да аплицирате за користење Интернет банкарство во најблиската филијала или експозитура на ТТК Банка АД Скопје.

Доколку сте постоечки корисник на Интернет банкарство на ТТК Банка АД Скопје, на мобилната апликација можете веднаш да се регистрирате од вашиот мобилен телефон или таблет (се прави еднаш и без потреба од одење во банка и склучување нов договор) и да започнете да ги користите сите функционалности на апликацијата.
TTK M-bank ви овозможува да имате увид во вашите сметки и платежни картички, депозити и кредити, преглед, активирање и деактивирање на информативните СМС или е-меил пакети, можете да вршите трансакции и плаќања од вашата сметка, да активирате услуга „кусур штедење“, да вршите плаќања на режиски трошоци, преглед и внес на налози 24/7, уплата на рата за кредитна картичка или кредит, да отворите депозит, да направите конверзија на валути, да пријавите изгубена картичка, а имате и пристап до сите информации за производите и услугите на ТТК Банка АД Скопје.

Во секое време ќе може да ги користите јавнодостапните информации за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблискиот банкомат или филијала/експозитура на ТТК Банка АД Скопје, да ги дознаете актуелните девизни курсеви, да бидете во тек со новостите врзани за Банката итн.
Преку демо-верзијата на мобилната апликација може да се уверите за едноставноста и корисноста на оваа апликација достапна во секое време и место.
За брза и лесна најава и користење на TTK M-bank, може да го погледнете Упатството за користење на мобилната апликација на ТТК Банка АД Скопје.

Користењето на TTK M-bank мобилната апликација и нејзините функционалности го правите преку внесување корисничко име и лозинка, кои ги користите за најава и кај Интернет банкарство (ТТК E-bank) на ТТК Банка АД Скопје, како начин за поголема сигурност во електронските плаќања. За побрз пристап во мобилната апликација, со регистрацијата на софтверски уред токен може да дефинирате ПИН-код за влез.

За подетални информации во врска со мобилната апликација ТТК M-bank и Интернет банкарство на ТТК Банка АД Скопје, може да се информирате во филијалите/екпозитурите на Банката или на телефонскиот број за поддршка 02/32 47 000, е-адреса: it_sw@ttk.com.mk.

Превземете ја мобилната апликација TTK M-bank брзо и едноставно, со клик на иконата во зависност од тоа дали сте корисник на Android или iOS платформата.

                       

  1. Откако успешно ја превземавте мобилната апликација TTK M-bank, на екранот на Вашиот мобилен телефон ќе се појави прозорец за најава.

 

2. За да ја активирате мобилната апликација треба да ги внесете Вашите корисничко име и лозинка што сте ги добиле во Банката при регистрација за користење на услугата Интернет банкарство и за најава на платформата на Интернет банкарство (ТТК E-bank). 

3. По внесувањето на корисничкото име и лозинка, процесот на активација е завршен. По активацијата, начинот на најава во апликацијата може да биде променет во најава со внесување ПИН.

Важно да се знае:

  • На еден уред неможе да се активира повеќе од еден корисник.

Доколку Ви е потребна помош или повеќе информации за услугата, можете да се обратите во секоја експозитура и филијала на Банката, како и повеќе да прочитате во

ОБЕЗБЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ УРЕД

Главна заштита е прво да се обезбеди Вашиот личен уред. Лозинка (препорачливо подолга), која ќе содржи букви, броеви и карактери. Ако се користи ПИН, препорачливо е да се користи некоја поразлична комбинација (пример да НЕ се користи 1111). Користењето на биометриска заштита како Fingerprint/TouchId (отклучување со отпечаток на прст) е едноставно и брзо доколку го нуди Вашиот уред. Како безбедна и официјална биометрија со препознавање на лик е FaceID од Apple. Практикувајте да се одјавувајте од TTK M-bank апликацијата после употребување на истата.

КОРИСТЕТЕ ЈА ОФИЦИЈАЛНАТА TTK M-bank АПЛИКАЦИЈА

Осигурајте се дека ја инсталирате вистинската апликација. Линкот за истата може да ја најдете на официјалната интернет-страница. Инсталирајте ја TTK M-bank апликацијата само од Apple App Store и Google Play Store и проверете кој е развивачот на апликацијата.

РЕДОВНО АЖУРИРАЈТЕ ЈА ВЕРЗИЈАТА НА TTK M-bank АПЛИКАЦИЈАТА

Овозможете автоматско ажурирање на Вашата апликација за да ја имате секогаш најновата верзија на TTK M-bank. Новите верзии секогаш содржат подобрувања или некои нови функционалности.

ВНИМАВАЈТЕ КОИ ЛИНКОВИ ГИ ОТВОРАТЕ

Секогаш проверувајте ги деталите на испраќачот и проверувајте дали линкот и доменот на таа страна е навистина на ТТК Банка АД Скопје. Ако е сомнителна, игнорирајте ја. Истото се однесува и на смс пораките. Никогаш не споделувајте кориснички имиња и лозинки. Ако ги имате споделено, променете ги Вашите лозинки кои ги користите.

АКО ГО МЕНУВАТЕ УРЕДОТ, ИЗБРШЕТЕ ГИ СИТЕ ПОДАТОЦИ

Ако планирате да го продадете Вашиот уред, препорачливо е да ја избришете TTK M-bank апликацијата.

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ КОГА КОРИСТИТЕ ЈАВНА WI-FI МРЕЖА

Избегнувајте да пристапувате до Вашите банкарски сметки од мобилниот телефон кога сте поврзани на јавна „WIFI“ мрежа.

TTK M-bank мобилно банкарство

  • Модерен и едноставен дизајн
  • Без надоместок за активирање и користење, без одење во Банка
  • Електронски плаќања без или со најниски провизии
  • Преглед на сите уплати и исплати на сите сметки, на едно место
  • Едноставно креирање и користење шаблони за сметки кои ги плаќате секој месец
  • Брзо и безбедно користење во движење 24/7