•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
  • БЕЗ ЧЛЕНАРИНА ЗА ОСНОВНА КАРТИЧКА
  • БЕСКОНТАКТНО ПЛАЌАЊЕ БЕЗ ПРОВИЗИЈА НА ПОС ТЕРМИНАЛИТЕ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО
  • ДНЕВЕН ЛИМИТ ДО 250.000 ДЕНАРИ 
  • ПРОМЕНА НА ДНЕВЕН ЛИМИТ ЗА ПЛАЌАЊА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
  • ЕДНОСТАВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБА И ПРОМЕТ НА СМЕТКА ПРЕКУ TTK E-BANK И TTK M-BANK
  • „3DS2 SECURE“ НАЈВИСОКО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНТЕРНЕТ-ТРАНСАКЦИИТЕ

VISA Business Debit - дебитна картичка

Корисници
  • Правни лица - иматели на сметки во ТТК Банка АД Скопје;
  • Корисници на картичките се физички лица овластени од страна на правните лица.
Износ
  • Дневен лимит до 250.000 денари во трговија и на банкомат заедно.
Валута
  • Во денари (МКД).
Рок
  • Прво издавање - 5 години;
  • Обновување - 5 години.
Причина повеќе
  • Бесконтактно плаќање без провизија на ПОС терминалите во земјата и во странство;
  • Можност за дополнителни картички;
  • Едноставно следење на состојбата и прометот на сметка преку дигиталните канали TTK E-bank  и TTK M-bank и електронските сервиси на информирање;
  • Промена на дневен лимит за плаќања преку Интернет;
  • „3DS2 Secure“ највисоко ниво на безбедност на интернет-трансакции;
  • „Cash In“ функционалности достапни преку широката мрежа на банкомати;
  • Чип-технологија за поголема сигурност и безбедност;
  • Издавање/обновување на картичката на долг рок од 5 години;
  • 24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.
Потребни документи
  • Пополнето и потпишано барање за Visa Business Debit дебитна картичка;
  • Копија од важечка лична карта од управителот и корисниците;
  • Тековна состојба на правното лице не постара од еден месец.
Провизии
  • Користење на картичката за безготовински плаќања на ПОС терминали во земјата и странство - без провизија;
  • Повлекување готовина од АТМ - 0,5% + 100 денари;
  • Повлекување готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во земјата – 2% + 150 денари;
  • Повлекување  готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во странство – 2,5% + 200 денари.
Членарини
  • Без членарина за основна картичка; 
  • Без членарина за дополнителна картичка во првата година;
  • Членарина за дополнителна картичка во останатиот период - 600 денари на 12 месечни рати.
Трошоци
  • Издавање и обнова на картичка - 150 денари;
  • Итно издавање и обнова на картичка - 2.000 денари;
  • Реизработка на картичка поради губење, кражба или други оштети на картичката - 600 денари;
  • Откажување картичка по истекот на рокот за откажување определен од Банката - 600 денари;
  • Откажување картичка во процедура на изработка на картичката (за прво издавање) - 600 денари;
  • Реиздавање ПИН-код - 200 денари;
  • Промена ПИН-код на банкомат - 100 денари.

МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА

Веднаш потпишете ја картичката по нејзиното подигање на задната страна во просторот предвиден за тоа.
Внимавајте на сигурноста на вашата картичка. Не оставајте ја на видни места од кои може да биде украдена и не позајмувајте ја на други лица.
Информирајте нè веднаш за промена на вашите лични податоци (презиме, адреса, контакт-телефон...).

ТАЈНОСТ НА ПИН-КОДОТ

Вашиот ПИН-код чувајте го на сигурно место. Не го кажувајте никому, дури ни на вработени во Банката или во полиција.
Запомнете го ПИН-кодот - никогаш не го запишувајте и не го чувајте на исто место со вашата картичка.

ЗАШТИТА ПРИ ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТ

Пред употреба на картичката на банкомат, уверете се некој да не стои зад вас.
Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
Покријте ја Вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
Никогаш не прифаќајте помош од други лица при употребата на картичката на банкомат.
На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете вашата картичка од банкоматот.
Доколку се посомневате во веродостојноста и изгледот на банкоматот, веднаш напуштете ја локацијата.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ПРОДАЖНО МЕСТО

Кога купувате на продажно место со картичката, внимателно следете го извршувањето на целата трансакција со вашата картичка и инсистирајте што побрзо да ви ја вратат картичката.
Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на ПИН-кодот и вашиот потпис.
Покријте ја вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот на ПОС терминалот на продажното место за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ/ТЕЛЕФОН

Никогаш не го внесувајте ПИН-кодот на интернет-страницата бидејќи тој никогаш не е потребен за реализирање нарачка.
При купување преку интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
Купувајте само од интернет-страници на проверени компании во кои имате доверба. Осигурајте се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет-адресата започнува со https:// наместо со http://.
Водете евиденција на интернет-страниците од кои купувате. Многу интернет-продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа. Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.
Доколку го откажувате плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на плаќањето, за да избегнете плаќање за веќе откажано плаќање.

СОВЕТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ МОЖНА ЗЛОУПОТРЕБА НА КАРТИЧКАТА

Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
Редовно и внимателно проверувајте ги месечните извештаи, дури и во случај да не сте ја користеле картичката во тековниот месец.
Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте ја Банката на тел. +3892 32 47 000 локал 017.
Никогаш не го давајте бројот на вашата картичка преку телефон, освен ако се работи за контакт со одговорно лице од вашата банка.

Доколку ја изгубите или ви ја украдат картичката, ве молиме веднаш пријавете во контакт-центарот на телефонскиот број +389 2 32 47 000 локал 017.