I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
1. Отворање на Собранието. 2. Избор на претседавач на Собранието.
II. РАБОТЕН ДЕЛ
- Усвојување на записникот од XXXVI седница на Собрание на акционери на Банката одржана на ден 15.4.2021 година;
- Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2021 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
- Разгледување Финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2021 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;
- Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2021 година, со Предлог - одлука за усвојување;
- Разгледување Предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределенaта добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2021 година;
- Разгледување Предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2021 година (дивиденден календар);
- Разгледување Годишен извештај на работењето на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2021 година, со Предлог - одлука за усвојување;
- Разгледување Предлог - одлука за именување независен член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.
Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 11.3.2022 година во 16 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, да гласа по пат на кореспонденција, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Правото да се гласа со кореспонденција се остварува со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 4.4.2022 година, до 16 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.
Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Претседател на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје м-р Глигорие Гоговски с.р.
|