•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ПРОМО ФИКС - промотивни депозити

Корисници
  • Домашни деловноспособни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник.
  • Полнолетно деловно способно лице (лично).
  • Полнолетно лице без деловна способност (со законски застапник).
  • Малолетно лице со родител (деловно способно лице како законски застапник).
Валута
  • Во денари (МКД).
  • Во евра (EUR).
Период на орочување
  • 15 месеци.
  • 25 месеци.
  • 36 месеци.
Каматна стапка
  • Пресметката на каматата на средствата се врши месечно со примена на пропорционална метода (реален број на денови во месец/реален број на денови во година).
  • Тип на каматна стапка: годишна фиксна каматна стапка.
Други услови
  • Со штедната книшка може да располага:
    • Сопственикот или ополномоштено лице од страна на сопственикот.
    • Законскиот застапник за малолетното лице до негова 18-годишна возраст.
    • Законскиот застапник на лицето сопственик.
Потребни документи
  • Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за домашни физички лица.
  • Пасош за странски физички лица.
Друго
  • Во штедната книшка се евидентираат сите промени што се вршат од страна на корисникот.
  • Исполнетите или оштетените книшки се заменуваат со нови, додека за изгубените и уништените се отвораат книшки со нов број.
  • За секој депозит се потпишува договор во кој се наведени условите за штедење и каматната стапка.
  • Кај малолетни лица, при отворање на штедниот влог, треба да се достави извод од матичната книга на родените.
  • Со штедниот влог располага законски застапник до полнолетството на вложувачот со што автоматски му се пренесува правото за располагање со влогот.
  • За малолетни лица над 14 години законскиот застапник може да потпише изјава за дозвола за располагање со штедниот влог, и тоа пред вработениот во Банката.
  • Само сопственикот, односно законскиот застапник на штедниот влог може писмено да побара раскинување на договорот и затворање штеден влог, и тоа 7 дена порано.
  • Сопственикот може да овласти и други лица за располагање со каматата од штедниот влог.
  • Депозитот не може да се користи како обезбедување за кредит.
Тајност
  • Податоците за депозитите се деловна тајна.
Сигурност
  • Вкупните депозити на клиентите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот врши обесштетување на осигурените депозити со износ до 30.000 евра во денарска противвредност по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на НБРСМ на денот на укинувањето на дозволата за работење на Банката.
Политика на реорочување
  • По истекот на рокот на орочување средствата се пренесуваат на платежна сметка односно депозитите не се реорочуваат.
Пресметка и исплата на камата
  • Се врши месечна пресметка на камата со месечна исплата или припис, односно располагање со пресметаната камата месечно или на крајот на периодот на орочување. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог.
Раскинување на договорот за депозит
  • Депонентот може да го раскине договорот целосно и пред истекот на рокот на орочување при што се пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување до моментот на предвременото раскинување на договорот.
Период на орочување МКД EUR
15 месеци 3,50% 2,50%
25 месеци 3,80% 2,80%
36 месеци 4,10% 3,10%