Во современото банкарство, гаранциите имаат сè поголема примена во меѓународниот платен промет, пред сè, поради нивната сигурност и безбедност во меѓународната трговска размена на корисниците, создавајќи заштита истовремено за купувачот и извозникот.
Следејќи ги светските текови во меѓународното банкарство, ТТК Банка АД Скопје нуди можност за развој на глобални бизнис-соработки преку отворање гаранции и акредитиви кои претставуваат вистинска поддршка во развојот на вашиот бизнис. Гаранцијата е писмен документ со кој Банката-гарант се обврзува на безусловна и промптна исплата на одредена сума пари во корист на корисникот на гаранцијата, доколку должникот не исполни одредена обврска во предвидениот рок, која може да биде платежна или чинидбена.