•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредитна линија за финансирање на проекти за енергетска ефикасност (ЕЕ) и за обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку РБСМ

Корисници
  • Микро, мали и средни трговски друштва како и ТП, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход кои треба да ги исполнат следните критериуми:
    • Регистрирани се во Република Северна Македонија;
    • Со најмалку 51% во приватна сопственост;
    • Немаат неподмирени обврски кон државата докажано со потврда од УЈП не постара од 6 месеци од датумот на поднесувањето на барањето за кредит до ТТК Банка;
    • Не се во постапка на стечај или ликвидација;
    • Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар за последната фискална година, независно од месеците на работење;
    • Имаат запишано вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици при Централниот регистар на РСМ доколку е обврзник (Тековна состојба за вистински сопственик, потврда за вистински сопственик);
    • Располагаат со потребните дозволи за реализација на проектот за ЕЕ или ОИЕ;
    • Согласно податоците од кредитен регистар на НБРСМ не постари од 3 месеци од датумот на поднесување на барањето за кредит се во класификација подобра или еднаква на Б или кои немаат кредитна изложеност. Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на одреден клиент е помала од 10.000 денари.
Намена/Износ
  • Финансирање на проекти за обновливи извори на енергија ОИЕ (хидроенергија, геотермална енергија, енергија од биомаса, енергија на ветер, сончева енeргија и сл.)– за максимална вредност на проект на износ до 49.200.000 денари при што износот на кредит финансиран со средства на РБСМ може да биде до 60% од износот на проектот односно до 29.520.000 денари. Останатите минимум 40% се кредитираат од останати извори како кредит од ТТК Банка или сопствени средства на инвеститорот (градежи, опрема, обртни средства, готовина и сл).
  • Финансирање на проекти за енергетската ефикасност ЕЕ (заштеда на енергијата)- за максимална вредност на проект на износ до 30.750.000 денари при што износот на кредит финансиран со средства на РБСМ може да биде до 60% од вредноста на проектот односно до 18.450.000 денари. Останатите минимум 40% се кредитираат од останати извори како кредит од ТТК Банка или сопствени средства на инвеститорот (градежи, опрема, обртни средства, готовина и сл.)
Валута
  • Во денари (МКД).
Рок
  • До 12 години со вклучен грејс период до 24 месеци.
Каматна стапка
  • Во согласност со условите дефинирани во Договорот со РБСМ до 1,6% годишна фиксна.
  • Законска казнена каматна стапка 20,45% годишно за достасани, а неподмирени обврски пресметана од денот на достасување до денот на наплатата.
Начин на пресметка и плаќање
  • Пресметката на каматата е декурзивна, со примена на пропорционална метода, а се врши на денот на достасување на побарувањето и содржана е во амортизацискиот план, изразена во странска валута;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во однос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, права и хартии од вредност;
  • Меници;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително со Банката.
Исплата
  • Безготовинска исплата (на продавач, добавувач, изведувач и сл.) врз основа на приложена фактура, про-фактура, договор и др. документација преку сметката на корисникот на кредит.