Што е платежна сметка со основни функции (ПСОФ)
Платежна сметка со основни функции (ПСОФ) е платежна сметка која се отвора и гласи во денари. За отворање на ПСОФ се квалификува корисник кој нема отворено друга платежна сметка во денари во земјата. ПСОФ ги овозможува следните платежни услуги:
- отворање, одржување и затворање на платежна сметка;
- уплата на парични средства и повлекување готовина од платежната сметка на шалтерите во Банката каде што е отворена сметката и/или преку мрежа на банкомати во текот или надвор од работното време;
- платежни трансакции со платежна картичка, вклучително и онлајн плаќање;
- кредитни трансфери, вклучувајќи и трајни налози.
Корисник кој има отворено платежна сметка со основни функции не може да користи дозволено пречекорување, кредитна картичка, кредит или депозит во Банката.
За користење на овие услуги, корисникот треба да поседува платежна сметка или да направи трансформација на платежната сметка со основни функции во платежна сметка. Корисникот не смее да поседува друга платежна сметка во Банката или кај друга банка во РСМ.
Отворање на платежна сметка со основни функции
Платежната сметка се отвора на барање на корисникот. При отворање на платежната сметка со основни функции корисникот потпишува и изјава со која потврдува дека не поседува друга платежна сметка во денари во земјата.
Корисникот го поднесува барањето на шалтерите на Банката. Банката во рок од 10 работни дена ќе му одговори на корисникот дали му е одобрено барањето за отворање платежна сметка со основни функции.
Барањето може да се одобри по направена проверка дека корисникот не поседува платежна сметка со основни функции во Банката или во друга банка во РСМ.
Секоја платежна сметка на барање на корисникот, доколку ги исполнува законски предвидените услови може да се трансформира во платежна сметка со основни функции и обратно платежна сметка со основни функции на барање на корисник може да се трансформира во платежна сметка, при што ја задржува постоечката единствена идентификациска ознака на платежната сметка.
Надоместоци и поволности
Месечниот надоместок за водење на платежна сметка со основни функции не смее да биде повисок од 0,1% од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето плата во земјата за претходните 12 месеци, согласно со објавите од страна на Државниот завод за статистика.
ПСОФ ги овозможува следните платежни трансакции, по следните надоместоци:
• пет бесплатни безготовински интерни трансакции помеѓу сметки во рамки на Банката (трансакции на шалтер, преку дигитални канли или преку траен налог). Останатите платежни трансакции вклучително: трансакции кои го надминуваат минималниот број на интерни безготовински платежни трансакции (над 5 трансакции), готовинските трансакции и трансакциите иницирани кон други даватели на платежни услуги (други банки) се тарифираат според редовната Тарифа за надоместоци на услуги на ТТК Банка АД Скопје;
• без надоместок за иницијално издавање и обнова на дебитна картичка како и без надоместок за годишна членарина;
• без месечен надоместок за интернет и/или мобилна апликација.
Што е платежна сметка со основни функции за потрошувачи корисници на законски права (ПСОФ)
Платежна сметка со основни функции (ПСОФ) за потрошувачи корисници на законски права е платежна сметка која се отвора и гласи во денари. За отворање на ПСОФ се квалификува корисник кој нема отворено друга платежна сметка во денари во земјата и користи еден од утврдените основи на законски права.
1) законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката;
2) надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;
3) парична помош од социјална заштита;
4) привремена невработеност;
5) додаток на деца и
6) стипендија, кредит и помош на ученици и студенти.
ПСОФ ги овозможува следните платежни услуги:
- отворање, одржување и затворање на платежна сметка;
- уплата на парични средства и повлекување готовина од платежната сметка на шалтерите во Банката каде што е отворена сметката и/или преку мрежа на банкомати во текот или надвор од работното време и
- платежни трансакции со платежна картичка, вклучително и онлајн плаќање
- кредитни трансфери, вклучувајќи и трајни налози.
Корисник кој има отворено платежна сметка со основни функции не може да користи дозволено пречекорување, кредитна картичка, кредит или депозит во Банката.
За користење на овие услуги, корисникот треба да поседува платежна сметка или да направи трансформација на платежната сметка со основни функции во платежна сметка. Корисникот не смее да поседува друга платежна сметка во Банката или кај друга банка во РСМ.
Отворање на платежна сметка со основни функции за корисници на законски права
Платежната сметка се отвора на барање на корисникот. Корисникот го поднесува барањето на шалтерите на Банката. При отворање на платежната сметка со основни функции корисникот потпишува и изјава со која потврдува дека не поседува друга платежна сметка во денари во земјата. Исто така, корисникот доставува Решение, не постаро од 6 месеци, за користење на законско право од надлежната институција (Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука и сл.) со цел да се утврди основот на користење на законското право. Банката најмалку еднаш годишно ќе врши преоцена на основот за ослободување од месечниот надомест за водење на сметка, за што корисникот ќе треба да го докаже своето право со приложување соодветен документ.
Банката во рок од 10 работни дена ќе му одговори на корисникот дали му е одобрено барањето за отворање платежна сметка со основни функции.
Барањето може да се одобри по направена проверка дека корисникот не поседува платежна сметка со основни функции во Банката или во друга банка во РСМ.
Надоместоци и поволности
Согласно законската регулатива, платежната сметка со основни функции за корисниците на законски права е ослободена од наплата на месечниот надомест за водење сметка.
ПСОФ ги овозможува следните платежни трансакции, по следните надоместоци: