•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Платен промет со странство

Вашите трансакции се сигурни, брзи и полесни за Вас преку девизната сметка отворена во Банката, во домашниот и меѓународниот платен промет.

Повеќе информирајте се за условите на платниот промет во и од Република Северна Македонија!

СЕПА кредитни трансфери во евра

Од 8 октомври 2025 година, ТТК Банка овозможува извршување на девизни СЕПА кредитни трансфери во евра за физички и правни лица преку филијалите и експозитурите на Банката.

Опис на услугата:
СЕПА кредитните трансфери овозможуваат побрзи, поедноставни и поевтини трансакции во евра кон над 40 земји членки на СЕПА, без потреба од посреднички банки.

Корисници

Физички лица со активна платежна сметка во Банката

Начин на извршување на услугата

Преку шалтер, во филијалите и експозитурите на Банката

Валута:

евро (ЕУР)

Термин: 

За извршување со валута ист ден до 12:00 часот

Надоместоци: 

СЕПА кредитен трансфер во евра

250 ден.

СЕПА прилив во евра

200 ден.

 

Регулатива:  За СЕПА кредитните трансфери важат истите правила од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните меѓународни трансфери преку коресподентско банкарство


Испраќање средства во странство – девизни (ностро) дознаки
Корисници
  • Физички лица (резиденти и нерезиденти)
Потребни документи

  • За испраќање средства на физичко лице:
    • Документ за идентификација
    • Девизна сметка
    • Име и презиме на примачот
    • Адреса на примачот
    • IBAN
    • Податоци за банката и контото на примачот во банката
    • SWIFT код на банката во која се испраќаат средствата
    • Потпишани обрасци 1450
  • За испраќање средства на правно лице:
    • Документ за идентификација
    • Девизна сметка
    • Целосен назив на фирмата
    • IBAN на примачот
    • Податоци (сметка на примачот во односната банка)
    • SWIFT код на банката во која се испраќаат средствата
    • Документ (во согласност со Упатството за начинот за вршење на платен промет со странство)
    • Потпишани обрасци 1450

Износ
  • До 2.500 ЕУР месечно, на физички лица
  • Износ врз основа на документ (во согласност со Упатството за начинот за вршење на платен промет со странство)

Прием на средства од странство – девизни (лоро) дознаки
Корисници
  • Физички лица (резиденти и нерезиденти)
Потребни документи
  • За прием на средства од физичко лице:
    • Документ за идентификација
    • Платежна сметка во девизи или IBAN број (корисникот ги добива овие податоци со секое отворање платежна сметка во банката).
    • Податоци за ТТК Банка (корисникот ги добива овие податоци со секое отворање платежна сметка во Банката).
  • За прием на средства од правно лице:
    • Документ за идентификација
    • Платежна сметка во девизи или IBAN број (корисникот ги добива овие податоци со секое отворање платежна сметка во банката).
    • Изјава за основот на девизниот прилив
    • Податоци за ТТК Банка (корисникот ги добива овие податоци со секое отворање платежна сметка во Банката).
Износ
  • Без ограничување

Правила на платниот промет со странство за физички лица

Правила на платниот промет со странство за физички лица - резиденти

Правила за плаќање во странство

Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да испрати средства во странство на друго физичко лице жител на странска земја - нерезидент во максимален износ од 2.500 евра месечно.

Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да испрати средства во странство на правно лице со седиште во странска земја - нерезидент износ кој не е лимитиран, но за кој мора да достави до Банката валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето: фактура, профактура, договор или друго.

Трансфери во странство на домашни физички лица - резиденти коишто се однесуваат на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци), како и за лични трансфери на средства во денарска противвредност до 2.500 евра месечно може да се извршат и без прикажување соодветен документ, доволна е само информација. За трансфери поголеми од 2.500 евра, задолжително се доставува документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање.

За трансфер од физичко лице - резидент на сопствена сметка во странска банка важат правилата според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и според нејзините дополненија коишто можат да се најдат на следната врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-odluka-za-nacinot-i-uslovite-pod-koi-rezidentite-koisto-ne-se-ovlasteni-banki-mozat-da-otvoraat-i-da-imaat-smetki-vo-stranstvo.nspx

Во согласност со Законот за девизно работење за резидентите на Р. Северна Македонија, постои забрана за трансфер на средства во странство по основ на животно и кредитно осигурување.

Банката е должна да го изврши налогот за плаќање 1450 со датум на валута најдоцна третиот ден од денот на прифаќањето на налогот, освен ако со налогодавачот не е понаку договорено.

Правила за прием на парични средства од странство

Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да прими неограничен износ на средства од странство од друго физичко лице жител на странска земја - нерезидент.

Физичко лице жител на Република Македонија – резидент може да прими средства од својата сметка во странство според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и според нејзините дополненија коишто можат да се најдат на следната врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-odluka-za-nacinot-i-uslovite-pod-koi-rezidentite-koisto-ne-se-ovlasteni-banki-mozat-da-otvoraat-i-da-imaat-smetki-vo-stranstvo.nspx

Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да прими средства од странско правно лице со седиште во странска земја - нерезидент износ кој не е лимитиран, но за кој мора да ѝ даде на Банката информација за основот на приливот.

Во зависност од информацијата на клиентот, Банката, во согласност со законот, може да побара и валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето, особено ако приливот спаѓа во групата капитални трансфери.
Корисникот на наплата треба, во рок од 5 работни дена од денот на приемот на известувањето од Банката, да ѝ ги достави сите потребни податоци за одобрување на средствата на неговата сметка.

Заради специфичноста на девизниот платен промет и постоењето т.н. девизен режим, треба да се консултирате со Одделот за платен промет во земјата и странство на ТТК Банка АД Скопје, на тел. 02/32 47 000 лок. 425 или да го прочитате „Упатството за начинот за вршење на платниот промет со странство“. Упатството може да го најдете на интернет-страницата на Народна банка на РСМ (www.nbrm.mk).

Правила на платниот промет со странство за физички лица - нерезиденти

Физичките лица – нерезиденти во платниот промет со странство немаат никакви ограничувања во преносот на средствата во и од Р. Северна Македонија, како и преносот на средствата помеѓу сметки во банките во Р. Северна Македонија.
Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за трансферите од и кон сметки на нерезиденти.

Објаснување на правилата за наплата на провизиите кај меѓубанкарските плаќања и наплати со странство

OUR - Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот. Корисникот на средствата ќе го добие целиот износ.

SHA - Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на својата банка, а Kорисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите останати банки вклучени во трансферот. Корисникот на средствата ќе добие намален износ.

BEN - Корисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот. Корисникот на средствата ќе добие намален износ.


Кореспондентски банки

За да се обезбеди ефикасно и точно порамнување на сите плаќања во странство, ТТК Банка АД Скопје има развиено широка мрежа на кореспондентски банки. Одделот за платен промет во земјата и странство на ТТК Банка АД Скопје ќе се погрижи за Вашето барање и ќе Ви врати во најкраток временски период.

Ажурирањето се обезбедува на редовна основа, со цел да Ве информира за моменталната состојба.

Currency Correspondent Bank SWIFT/BIC Account No.
EUR, USD DZ BANK AG, Frankfurt, Germany GENO DE FF EUR:
DE89500604000000130161
USD:
DE27500604000300130161
EUR UNICREDITO ITALIANO SpA, Milan, Italy UNCR IT MM EUR:
09953146
EUR, USD ADDIKO BANK CROATIA dd, Zagreb, Croatia HAAB HR 22

EUR, USD:
HR0525000091909000225

EUR, GBP, CHF, AUD, CAD PRIVREDNA BANKA ZAGREB, Zagreb, Croatia PBZG HR 2X EUR, AUD, CHF, CAD, GBP:
HR4323400091970016396
EUR ProCredit Bank AG, Frankfurt PRCB DE FF EUR:
DE39502108000127050007
USD, GBP, CAD, SEK, DKK KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE, Skopje, North Macedonia KOBS MK 2X

USD: 705100202-840-0272100000377
GBP: 705100202-826-0272100000377
CAD: 705100202-124-0272100000377
SEK: 705100202-752-027100000377
DKK: 705100202-208-027210000377

USD STOPANSKA BANKA AD SKOPJE, Skopje, North Macedonia STOB MK 2X USD:
0001003542
USD SPARKASE BANKA AD SKOPJE, Skopje, North Macedonia INSB MK 22 USD:
705100000-840-1471100000306

Термински план за платен промет со странство

ПОНЕДЕЛНИК - ПЕТОК
Прием на налози Од 08:00 до 16:00 часот
Налози примени до 15:30 часот Датум на валута тековен ден
Налози примени по 15:30 часот Датум на валута нареден ден