•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Платен промет со странство

Вашите трансакции се сигурни, брзи и полесни за Вас преку девизната сметка отворена во Банката, во домашниот и меѓународниот платен промет.

Повеќе информирајте се за условите на платниот промет во и од Република Северна Македонија!

Испраќање средства во странство – девизни (ностро) дознаки
Корисници
  • Физички лица (резиденти и нерезиденти)
Потребни документи

  • За испраќање средства на физичко лице:
    • Документ за идентификација
    • Девизна сметка
    • Име и презиме на примачот
    • Адреса на примачот
    • IBAN
    • Податоци за банката и контото на примачот во банката
    • SWIFT код на банката во која се испраќаат средствата
    • Потпишани обрасци 1450
  • За испраќање средства на правно лице:
    • Документ за идентификација
    • Девизна сметка
    • Целосен назив на фирмата
    • IBAN на примачот
    • Податоци (сметка на примачот во односната банка)
    • SWIFT код на банката во која се испраќаат средствата
    • Документ (во согласност со Упатството за начинот за вршење на платен промет со странство)
    • Потпишани обрасци 1450

Износ
  • До 2.500 ЕУР месечно, на физички лица
  • Износ врз основа на документ (во согласност со Упатството за начинот за вршење на платен промет со странство)

Прием на средства од странство – девизни (лоро) дознаки
Корисници
  • Физички лица (резиденти и нерезиденти)
Потребни документи
  • За прием на средства од физичко лице:
    • Документ за идентификација
    • Платежна сметка во девизи или IBAN број (корисникот ги добива овие податоци со секое отворање платежна сметка во банката).
    • Податоци за ТТК Банка (корисникот ги добива овие податоци со секое отворање платежна сметка во Банката).
  • За прием на средства од правно лице:
    • Документ за идентификација
    • Платежна сметка во девизи или IBAN број (корисникот ги добива овие податоци со секое отворање платежна сметка во банката).
    • Изјава за основот на девизниот прилив
    • Податоци за ТТК Банка (корисникот ги добива овие податоци со секое отворање платежна сметка во Банката).
Износ
  • Без ограничување

Правила на платниот промет со странство за физички лица

Правила за платниот промет со странство за резиденти

 

А) Правила за кредитен трансфер во странство

Физичко лице - жител на Република Северна Македонија кое, во согласност со Законот за девизно работење, е дефинирано како резидент, може да извршува кредитни трансфери во странство. Сите трансфери освен оние кои, во согласност со Законот за девизно работење, се дефинирани како капитални трансакции, и за кои треба дополнителна документација, се без ограничување на износот и доволна е само информација за намената на средствата.

Кредитните трансфери кои се по основ на капитални трансакции, се извршуваат со задолжително прикажување соодветен документ пропишан со законската регулатива. Потребните документи се наведени во „Упатството за спроведување на Одлуката за начинот за извршување платежни трансакции со странство“ кое можете да го најдете на интернет-страницата на НБРСМ.

Подолу се наведени основите на трансферите кои се дефинираат како капитални трaнсфери и потребната документација, и тоа:

  1. Кредитни трансфери во странство на дивиденди и други добивки од вложувања коишто се сметаат за директна инвестиција (директна инвестиција е вложување поголемо од 10 % во вкупниот капитал) на нерезидент во Република Северна Македонија, како и плаќање врз основа на продажба на вложувањето коешто се смета за директна инвестиција или за пренос на остатокот од ликвидациската маса: доказ за извршен упис во регистарот на директни инвестиции на нерезиденти при Централниот регистар на Република Северна Македонија и доказ за намирување на законските обврски врз основа на даноци и придонеси во Република Северна Македонија;

  2. Кредитни трансфери во странство врз основа на вложување во хартии од вредност во странство од страна на резиденти коишто имаат третман на портфолио-инвестиции:
    - документ со кој може да се потврди дека трансакцијата ќе биде склучена преку овластен учесник на пазарот на хартии од вредност, преку овластен учесник на странска берза или преку организиран пазар на хартии од вредност;

  3. Кредитни трансфери во странство врз основа на купување недвижност во Република Северна Македонија во сопственост на нерезидент, како и плаќање доход врз основа на издавање на недвижноста во сопственост на нерезидент:
    - доказ за извршен упис во регистарот на вложување во недвижности на нерезиденти во Република Северна Македонија при Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  4. За кредитен трансфер на физичко лице - резидент помеѓу сопствени платежни сметки, од кои едната е во странска банка, важат правилата пропишани со „Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени даватели на платежни услуги, можат да отвораат и да имаат платежни сметки во странство“ и        нејзините дополненија кои можат да се најдат на следнава врска Одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство  Кај овие трансфери не постои ограничување на износот.

  5. Кредитни трансфери во странство врз основа на извршна исправа и присилно плаќање врз основа на извршна исправа: доказ од надлежен орган дека се намирени законски пропишаните обврски врз основа на даноци и придонеси кон државата, ако за основната работа за која настанала обврската за плаќање е предвидено приложување таков доказ.

Во согласност со Законот за девизно работење, за резидентите на РС Македонија постои забрана за кредитен трансфер на средства во странство по основ на животно и кредитно осигурување.

 

Б) Правила за кредитен трансфер од странство:

Физичко лице - жител на Република Северна Македонија кој, во согласност со Законот за девизно работење, е дефиниран како резидент, може да прима кредитни трансфери од странство. Сите трансфери освен тие кои, во согласност со закон се дефинирани како капитални трансакции, се слободни и без ограничување на износот, доволна е само изјава за намената на средствата.

Кредитните трансфери кои се по основ на капитални трансакции, се извршуваат со задолжително прикажување соодветен документ, пропишан со „Упатството за спроведување на Одлуката за начинот за извршување платежни трансакции со странство“.

Подолу се наведени основите на трансферите кои се дефинираат како капитални трансфери и потребната документација, и тоа:

 

  1. Наплата на дивиденди и други добивки од вложување на резидентот во странство коешто има третман на директна инвестиција, како и повлекување влог или продажба на хартиите од вредност или уделите во странство коишто имаат третман на директна инвестиција:
    - доказ за извршен упис во регистарот на директни инвестиции при Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  2. Наплата врз основа на издавање и на воведување домашни хартии од вредност во странство: доказ за извршено пријавување во Комисијата за хартии од вредност;

  3. Наплата врз основа на продажба или врз основа на издавање недвижност во странство во сопственост на резидент:
    - доказ за извршен упис во регистарот на вложувања во недвижности на резиденти во странство при Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  4. Физичко лице - жител на Република Северна Македонија, резидент, може да прими средства од својата платежна сметка од странство според „Одлуката за начинот и условите под кои резидентите, коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат платежни сметки во странство“ и нејзините дополненија кои можат да се најдат на следнава врска: Одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство

  5. Наплата врз основа на продажба на хартии од вредност во странство коишто имаат третман на портфолио-инвестиции: документ со кој може да се потврди дека трансакцијата е склучена преку овластен учесник на пазарот на хартии од вредност, преку овластен учесник на странска берза или преку организиран пазар на хартии од вредност.

 

За вистинитоста на податоците и автентичноста на приложената документација, одговорноста ја сноси налогодавачот. Банката ги задржува приложените документи.

Потрошувачот на наплата, во рок од 5 работни дена од денот на приемот на известувањето од Давателот на платежни услуги, треба да ги достави сите потребни податоци за одобрување на средствата на неговата платежна сметка.

Банката има право, во согласност со Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, да побара соодветна документација за секое плаќање или прилив, независно од износот, доколку постојат одредени индикатори за сомнителност на трансакцијата.

В) Објаснување на правилата за наплата на провизиите кај кредитни трансферите и приливи од странство

OUR - Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе го добие целиот износ;

SHA - Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на својата банка, а Корисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите останати банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе добие намален износ.

BEN - Корисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе добие намален износ.

 

За сите потребни информации во врска со Правилата на платниот промет со странство, можете да се информирате во експозитурите и во филијалите на Банката (врска), како и во Одделот за платен промет во земјата и странство на тел. 3247410 и 3247425.

Кореспондентски банки

За да се обезбеди ефикасно и точно порамнување на сите плаќања во странство, ТТК Банка АД Скопје има развиено широка мрежа на кореспондентски банки. Одделот за платен промет во земјата и странство на ТТК Банка АД Скопје ќе се погрижи за Вашето барање и ќе Ви врати во најкраток временски период.

Ажурирањето се обезбедува на редовна основа, со цел да Ве информира за моменталната состојба.

Currency Correspondent Bank SWIFT/BIC Account No.
EUR, USD DZ BANK AG, Frankfurt, Germany GENO DE FF EUR:
DE89500604000000130161
USD:
DE27500604000300130161
EUR UNICREDITO ITALIANO SpA, Milan, Italy UNCR IT MM EUR:
09953146
EUR, USD ADDIKO BANK CROATIA dd, Zagreb, Croatia HAAB HR 22

EUR, USD:
HR0525000091909000225

EUR, GBP, CHF, AUD, CAD PRIVREDNA BANKA ZAGREB, Zagreb, Croatia PBZG HR 2X EUR, AUD, CHF, CAD, GBP:
HR4323400091970016396
EUR ProCredit Bank AG, Frankfurt PRCB DE FF EUR:
DE39502108000127050007
USD, GBP, CAD, SEK, DKK KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE, Skopje, North Macedonia KOBS MK 2X

USD: 705100202-840-0272100000377
GBP: 705100202-826-0272100000377
CAD: 705100202-124-0272100000377
SEK: 705100202-752-027100000377
DKK: 705100202-208-027210000377

USD STOPANSKA BANKA AD SKOPJE, Skopje, North Macedonia STOB MK 2X USD:
0001003542
USD SPARKASE BANKA AD SKOPJE, Skopje, North Macedonia INSB MK 22 USD:
705100000-840-1471100000306

Термински план за платен промет со странство

ПОНЕДЕЛНИК - ПЕТОК
Прием на налози Од 08:00 до 16:00 часот
Налози примени до 15:30 часот Датум на валута тековен ден
Налози примени по 15:30 часот Датум на валута нареден ден