•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредит по фактура

  • ЗА КУПУВАЊЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ПО ФАКТУРА
  • БРЗО И ЕДНОСТАВНО АПЛИЦИРАЊЕ
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ОБРАБОТКА НА БАРАЊЕ
Намена на кредитот
  • За плаќање производи и услуги по фактури.
Износ и учество

  • До износот на фактурата.
  • Од 12.000 денари до 180.000 денари.
Валута
  • Денарски кредит (МКД).
Каматна стапка

14,30%

годишна променлива каматна стапка

Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 процентни поени, за целиот период на отплата.

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
Рок на отплата
  • Од 12 месеци до 36 месеци.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • Без жиранти.
  • Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот и согласност за активирање (доколку ја издава акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие).
  • Меница со менична изјава потпишана од кредитобарателот.
  • Меница во форма на нотарски акт.
Документи за наплата
  • Профактура издадена од продавачот.
  • Доколку кредитот е одобрен - фактура издадена од продавачот.
Исплата
  • По фактура во корист на платежна сметка на продавачот  преку платежна сметка на Корисникот на кредитот.
Надоместоци
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање.
  • Надоместок за одобрување на кредитот - 900 денари.
  • Без провизија за предвремена делумна ликвидација.
  • Без провизија за предвремена ликвидација. 
Трошоци
  • Трошок за меница.
  • Трошок за интеркаларна камата.
Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува најмногу 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот не може да се вклучат ко-кредитобаратели.
Вид на кредитот Потрошувачки кредит по фактура
Износ 30.000,00 денари.
Рок на отплата 24 месеци.
Износ на ануитет 1.441,00 денари.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 14% годишна променлива.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 19,30%.
Вкупен износ за плаќање 35.665,00 денари.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 30.000,00 денари.
Вкупен износ на камата за кредитот 4.573,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 0,00 денари.
Надоместок за одобрување на кредитот 900,00 денари.
Трошок за меница 100 денари
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати: /
Датум на пример 1.7.2023 година.