•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Документарно работење (инкасо) и наплата по меници и чекови

Корисници
  • Мали и средни претпријатија, големи клиенти.
Намена
  • Инкасото е инструмент за плаќање во меѓународниот платен промет каде што банката по налог на својот клиент (продавачот) ги испорачува потребните документи (фактура, транспортен документ и сл.) до банката на купувачот, наведувајќи инструкции за врачување на документите до купувачот. Овој инструмент вообичаено се користи кога деловните партнери веќе имаат изграден однос на заемна доверба.
  • Инкасо работите подразбираат откуп на документи од страна на увозникот, кои се презентирани со посредување на банките, со што се овозможува брзо и ефикасно следење и плаќање на веќе извршениот увоз/извоз на стока, со истовремен прием на сите неопходни документи за понатамошна манипулација на стоката. Банката како медијатор овозможува синхронизираност на плаќањето и приемот на документитe.
Износ
  • Без ограничување.