•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Платен промет во земјата

Платниот промет во земјата го сочинуваат сите плаќања во денари (готовински и безготовински).

Платниот промет во земјата може да се врши преку преку следните канали:

Повеќе информирајте се за условите на платниот промет во земјата!

Корисници
Корисници

  • Домашно или странско правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице кое врши плаќање во денари преку носителите на платниот промет.

Идентификување на учесникот во платниот промет - учесникот во платниот промет се идентификува преку платежната сметка којашто е составена од 15 бројки и претставува единствен и неповторлив нумерички податок преку којшто се вршат плаќања.


Видови платен промет
Видови платен промет

ТТК Банка АД Скопје ги врши сите денарски трансакции на своите корисници преку:

  • Интерен платен промет;
  • Меѓубанкарски платен промет.

Интерен платен промет

Плаќања меѓу комитентите на Банката (систем на плаќања во рамките на една банка), кој е најевтин и најбрз начин на реализација на налозите за плаќање. Истовремено Банката ги врши и сите готовински плаќања (уплати и исплати на готовина).

Меѓубанкарски платен промет (МИПС, КИБС)Меѓубанкарски платен промет каде што учесниците од две банки може да ги извршуваат своите плаќања преку два система на порамнувања:

МИПС – Македонски интербанкарски платен систем, односно систем на порамнување во НБРСМ. Се користи за итни и големи плаќања на и над 1.000.000 денари.

КИБС – Клириншки интербанкарски систем, односно систем на порамнување во Клириншката куќа. Порамнувањето меѓу банките се врши на крајот од пресметковниот ден за налози до 1.000.000 денари.


Термински план за платен промет во земјата

ПОНЕДЕЛНИК - ПЕТОК
Прием и обработка на налози за плаќање во валута на тековниот пресметковен ден КИБС Од 08:00 до 14:20 часот
МИПС Од 08:00 до 16:15 часот
Интерен клиринг на Банката Од 08:00 до 18:00 часот
Уплата и исплата на готовина на или од сметка на корисник на сметка во Банката, на благајна во Банката од 08:00 часот до 18:00 часот
Прием на налози за плаќање со иден датум на извршување од 08:00 часот до 18:00 часот
САБОТА
Готовински уплати и исплати, како и безготовински плаќања помеѓу сметките што се водат во Регистарот на корисник на сметки во Банката од 09:00 часот до 13:00 часот
(во филијалите/експозитурите кои работат во cабота)