•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Хипотекарен кредит

  • НИСКА ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ОД 4,90% во првите три години
  • БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА ПРОЦЕНА
  • БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА НА НАМЕНАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ
Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката.
  • Физички лица кои примаат/не примаат плата преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Физички лица, пензионери кои својата пензија (од ПИОМ) ја примаат преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели.
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
Износ
  • Од 180.000 денари до 12.000.000 денари (до 6.000.000 денари во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат).
  • Од 3.000 евра до 300.000 евра во денарска противвредност (до 200.000 евра во денарска противвредност во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат).
Валута
  • Во денари (МКД).
  • Во денари со ЕУР клаузула (ЕУР - среден курс на НБРСМ).
Каматна стапка

4,90%

годишна фиксна каматна стапка за првите три години

За кредити во денари (МКД):

Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

5,47% (НРС + 4,35 процентни поени) годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.

6,67%

годишна променлива каматна стапка

Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скоп

(НРС + 5,55 процентни поени) годишна променлива каматна стапка за целиот период на отплата.

4,90%

годишна фиксна каматна стапка за првите три години

За кредити во денари (МКД) со девизна клаузула:

Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

9,052% (6 месечен ЕУРИБОР + 6,30 процентни поени но не пониска од 6,30% годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.)

9,898%

годишна променлива каматна стапка

Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

(6 месечен ЕУРИБОР + 7,50 процентни поени но не пониска од 7,50% годишна променлива каматна стапка за целиот период на отплата. *Сведена на ЗКК*)


    • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
    • Пресметката на каматата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
    Рок на отплата
    • Од 12 месеци до 240 месеци, со вклучен грејс-период до 6 месеци. 
    Начин на отплата
    • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
    • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
    Обезбедување
    • Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1 до 1:6 во зависност од атрактивноста на објектот).
    • Меница и менична изјава за кредитобарателот и ко-кредитобарателите.
    • Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот, кокредитобарателот/ите и согласност за активирање (доколку ја издава акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие).
    Документи за наплата
    • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
    Исплата
    • На платежна сметка на кредитокорисникот.
    Надоместоци
    • Надоместок за обработка на барање - 900 денари.
    • Надоместок за одобрување на кредитот:
      • За износ до 30.000 евра - 2,0% од износот, мин. 6.000 денари.
      • За износ над 30.000 евра - 1,5% од износот.
    • Надоместок за администрирање на кредитот - 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот).
    Трошоци
    • БЕЗ ТРОШОЦИ за процена на вредноста на недвижниот имот до 31.12.2023 година.
    • Трошок за интеркаларна камата.
    • Трошок за нотарска награда за солемнизација на договорот за залог во согласност со нотарската тарифа.
    • Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа.
    • Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.
    Вид на кредитот Хипотекарен кредит
    Износ 2.000.000,00 денари.
    Рок на отплата 240 месеци.
    Износ на ануитет 13.088,00 денари во првите три години; 13.642,00 денари за остатокот од периодот на отплата.
    Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
    Каматна стапка 4,90% годишна фиксна к.с. во првите три години; 5,47% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата.
    Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 5,84%.
    Вкупен износ за плаќање 3.334.400,00 денари.
    Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
    Износ на кредитот 2.000.000,00 денари.
    Вкупен износ на камата за кредитот 1.254.123,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
    Надоместок за обработка на барање 900,00 денари.
    Надоместок за одобрување на кредитот 30.000,00 денари.
    Надоместок за администрирање на кредитот 48.877,00 денари.
    Трошок за меница 500,00 денари
    Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:
    Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот 0,00 денари (во промотивен период до 31.12.2023 година).
    Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката Во согласност со нотарската тарифа.
    Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици Трошокот за полисата се утврдува дополнително во согласност со законската регулатива и тарифата на осигурителното друштво.
    Датум на пример 1.1.2023 година.